Министерот Тошковски презентираше двегодишен отчет: Најниско ниво на криминалитет во последните 20 години и продолжување на реформите во МВР

June 27, 2026
1 min read

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска го презентираше отчетот за работата на Министерството за внатрешни работи во изминатите две години, истакнувајќи дека од самиот почеток на мандатот била поставена јасна определба – законот да важи подеднакво за сите и да се изгради поефикасно, попрофесионално и помодерно Министерство.

Презентирајќи ги резултатите од работењето, министерот Тошковски нагласи дека Македонија денес го бележи најниското ниво на криминалитет во последните 20 години, како резултат на посветена и континуирана работа на полициските службеници и институциите.

Во изминатиот период беа сузбиени над 30 организирани криминални групи, запленети се 6,2 тони разновидна наркотична дрога, при што заплените на кокаин се зголемени за повеќе од 300 проценти, а од нелегален промет се отстранети над 550 парчиња оружје. Воедно, имотниот криминал е намален за повеќе од 30 проценти, а разбојништвата и разбојничките кражби за над 40 проценти.

Посебен акцент беше ставен на проектот „Безбеден град“, кој, како што беше истакнато, по долгогодишни најави конечно е реализиран и ставен во функција. Во првите пет месеци од неговата примена, бројот на загинати лица во сообраќајни незгоди е намален за 40 проценти, односно се регистрирани 33 загинати лица, наспроти 55 во истиот период минатата година.

Во делот на меѓународната соработка, министерот Тошковски информираше дека денеска ќе биде потпишан договорот со Република Албанија за воспоставување заеднички гранични премини и спроведување заеднички активности за гранична контрола. Со тоа се заокружува системот на заеднички гранични проверки „One Stop“ со сите соседни држави кои не се дел од Шенген зоната, по претходно воспоставените системи со Република Србија и Република Косово.

Министерот се осврна и на инвестициите во идните генерации полициски службеници, потенцирајќи дека по долг временски период повторно се воспоставува Средното полициско училиште, при што првата генерација ученици ќе започне со настава од 1 септември оваа година.

Воедно, во изминатиот период беа отворени нови канцеларии за управни работи во повеќе општини каде што претходно немало вакви услуги, а значителен дел од потврдите и уверенијата граѓаните денес можат да ги добијат електронски, без чекање и без дополнителни административни процедури.

На крајот од обраќањето, министерот Тошковски истакна дека постигнатите резултати претставуваат силна основа за продолжување на реформските процеси и понатамошно јакнење на институционалните капацитети, нагласувајќи дека пред Министерството остануваат уште многу предизвици и работа во насока на обезбедување сигурност, стабилност и владеење на правото.

Извор: zurnal.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Комуналец Прилеп: Секој агол од Могилата сведочи за грижа и посветеност

Следно

Црн биланс во ВЕНЕЦУЕЛА: НАД 900 ЗАГИНАТИ И 50.000 ИСЧЕЗНАТИ во разорните земјотреси

Latest from Blog

Уставниот суд: Упатуваме остри критики кон обидите за груба партизација и политизација

Уставниот суд упатува остри критики кон, како што велат, обидите за груба партизација и политизација која деновиве одредени политички партии се обидуваат да ја наметнат со цел да ја зголемат сопствената визибилност

ВЛЕН: ДУИ протестира за своите привилегии, а не за интересите на Тетово

Политичката партија ВЛЕН реагираше по вчерашниот протест на ДУИ во Тетово, оценувајќи дека станува збор за политички собир организиран поради, како што велат, „изгубените привилегии“, а не во интерес на граѓаните. Од

И Здравје и Работа: Наместо најгласните, државата треба да го слуша најстручниот глас за „Иловица Штука“

Во последните години сведоци сме дека секоја јавна расправа за рударството, а особено за проектот „Иловица – Штука“, сè почесто се претвора во натпревар кој погласно ќе зборува, наместо кој ќе понуди

Швајцарскиот селектор бесен на судијата: Ваквите одлуки му штетат на фудбалот

Швајцарската фудбалска репрезентација беше запрена во четвртфиналето на Светското првенство по драматичниот пораз од Аргентина со 3:1 по продолженијата. Сепак, натпреварот беше обележан со контроверзна судиска одлука, за која тренерот Мурат Јакин
Go toTop