Министерот Тошковски бара решение за над 100.000 граѓани останати без право на глас

March 4, 2024
1 min read

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, на владина седница ќе предложи да се најде решение за над 100.000 граѓани кои имаат право на глас, но немаат валидни документи за да не им биде негирано правото на глас. Станува збор за 100.000 лица над 18 години коишто се резиденти во државава, но кои немата лични карти или пак имаат пасоши со валиден рок на траење, но со старото име на државата.

Според Тошковски, решение би можело да биде на овие граѓани да им се дозволи да гласаат со паосшите со старото име.

Сличен предлог доаѓа и од Државната изборна комисија и тој е веќе доставен до Собранието. Според претседателот на ДИК, во моментов може да се гласа само само валидни документи, а меѓу нив не спаѓаат пасошите со старото уставно име.

За кршењето на правото на глас на граѓаните, реагираше и народниот правобранител, Насер Зибери. Тој апелираше до институциите да ги пронајдат кои се оние 100.000 лица кои ќе се соочат со овој проблем на денот на гласањето и да им дадат приоритет при земањето на нови документи до пред изборите./ Алсат.мк

Фатлуме Дервиши

Извор: alsat.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

УЕФА го објасни новиот формат на европските турнири

Следно

Хрватскиот сабор ќе се распушти на 22 март

Latest from Blog

Рубио откри дека се уште се утврдува местото за преговори со Иран- Турција и дефинитивно отпаѓа

Рубио, исто така, на прес-конференција изјави дека иранската влада претходно се согласила на формат за состанокот во петок во Турција, но се чини дека се предомислила, објави Ројтерс. Рубио додаде дека специјалниот

Состанок во Влада за Реформската агенда: Фокус на конкретни чекори за унапредување на институционалната ефикасност и владеењето на правото

Во Владата вечерва се одржал состанок за Реформската агенда, информира премиерот Христијан Мицкоски. -Вечерва одржавме состанок посветен на реформската агенда, со фокус на конкретни чекори за унапредување на институционалната ефикасност, владеењето на

Директорот на Идризово: Има изживување, силување, но и љубов меѓу затворениците

Гостин во „Претрес со Ландов” е генерал мајор Зоран Јовановски-Челик, директор на КПУ Идризово.Тој отворено говори за лошите услови во затворот, иако има подобрување. Како Управа од властите овие 3 години бараат

(ВИДЕО) Омерагиќ: ФФМ инвестира во модерен фудбалски амбиент: Националната арена доби LED екран од 210 метри

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) ја реализираше својата најнова инвестиција – сопствен ЛЕД екран долг 210 метри, со цел подобрување на искуството за публиката, зголемена видливост за партнерите и создавање дигитален фудбалски
Go toTop