Министерот Панче Тошковски на работен состанок со раководството на СВР Скопје

February 1, 2024
1 min read

Денес, 01.02.2024г. министерот Панче Тошковски одржа работен состанок со раководството на Секторот за внатрешни работи Скопје. На состанокот министерот Тошковски ја потенцираше неговата заложба за строго почитување на законските процедури при работењето на МВР и истовремено побара од раководството на СВР Скопје како најголем сектор за внатрешни работи во државата да задржи високо ниво на професионалност во својата работа, независно од тоа што државата се наоѓа во период на техничка влада.

Исто така, на состанокот се разговараше за можноста дел од кадарот на СВР Скопје да биде времено ангажиран во одделот за граѓански работи со цел ублажување на проблемите поврзани со издавањето на личните документи.

Раководството на СВР Скопје го информираше министерот дека на подрајчето кое го покрива секторот има стабилна безбедносна состојба и иако се соочуваат со недостаток на кадар во определени организациски единици се прават напори успешно да се одговори на сите предизвици со кои се соочуваат во секојдневното извршување на работните задачи.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Работнички и земјоделски револт на улиците во европските градови, голем протест во Брисел

Следно

КАСТРИОТ АВДИЛИ ДОБИ 450.000 ЕВРА, СТОЈАН ВУЈИЧИЌ 420.000, А КРИСТИЈАН РИСТЕСКИ 405.000 ЕВРА НА КОНКУРСОТ НА АГЕНЦИЈАТА ЗА ФИЛМ

Latest from Blog

Израелски војници приведоа екипа на CNN, која известувала за нападот врз Палестинците (ВИДЕО)

Но, наместо да ги притворат доселениците или да ја отстранат нелегалната населба, војниците се свртеа кон палестинските жители на селото Тајасир и тимот на CNN кој известуваше за упадот, пишува CNN. „Стоп!

Манасиевски: Филипче по насока на ПР шефот Башановиќ спремил програма на СДС, како да не беа до пред 2 години власт

Членот на Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Валентин Манасиевски, на денешната прес-конференција упати остри критики кон новата програмска понуда на СДСМ и поранешниот министер за здравство Венко Филипче. „Да не беше смешно, ќе

Муцунски: Со техничката влада во Софија не можеме да преговараме

Шефот на македонската дипломатија, Тимчо Муцунски во вечерашното гостување во „Топ тема“ на телевизијата Телма рече дека имало иницијативи за состанок меѓу него, олеснувачи во меѓународните односи и тогашниот колега од бугарска
Go toTop