Министерот Минчев упати честитка по повод Денот на албанската азбука – 22 ноември

November 22, 2024
1 min read

Министерот за јавна администрација Горан Минчев, лично и во име на Министерството за јавна админситрација упати честитка по повод Денот на албанската азбука – 22 ноември.

– Овој значаен ден е симбол на зачувувањето на културниот и јазичниот идентитет на албанската заедница, кој е нераскинлив дел од нашето мултиетничко општество. Албанскиот јазик и азбука се темел на културната различност и богатството што ја обликува нашата заедничка иднина, посочува во честитката Минчев.

Како Министерство за јавна администрација, подвлекува минситерот Минчев, цврсто сме посветени на промовирање иницијативи кои ја поддржуваат јазичната и културната инклузија, обезбедувајќи еднакви можности и пристап до јавните услуги за сите граѓани, без разлика на нивната етничка припадност.

– Нека овој празник биде потсетник за важноста на меѓусебната почит и соработка, како темели за изградба на посилно и поинклузивно општество, вели министерот Минчев во четитката упатена по повод Денот на албанската азбука.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Медведев: Добивте тоа што баравте

Следно

Разочарување и остри реакции по минорните пресуди за силување и трговија со дете за 13 монструми

Latest from Blog

Сиљановска-Давкова: Патот кон ЕУ е „маратон со пречки“, без основа во европското право

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова оцени дека евроинтегративниот пат на Македонија не е само долг процес, туку „маратон со пречки, што нема основа во европското право“. Одговарајќи на новинарско прашање на денешната прес-конференција во

Супермаркети, хипермаркети и други големи маркети ќе станат објекти од државно значење

Супермаркети, хипермаркети и други големи маркети ќе станат објекти од државно значење, според нова измена на Правилникот за урбанистичко планирање што ја прави Министерството за транспорт и врски, само еден месец по
Go toTop