Министерката Јаневска најавува реформи во образованието

June 26, 2024
1 min read

Новата министерка за образование Весна Јаневска најавува реформи во образованието, како што кажа таа во образованието нема време за чекање. Најави дека ќе се промени стариот Е дневник со нов, бидејќи во стариот се менувале оценките и изостаноците преку ноќ.

Таа најави дека во фокусот е реформата за целодневната настава која ќе трае подолго од вообичаеното. Но тоа да не ги загрижува децата да мислат дека ќе треба да стојат 8 часа над книга, напротив тие ќе имаат слободен час да напишат домашно или да направат некој проект.

„Во претходниот е-дневник за мене јас не сум информатичар но, од непознати причина изостаноците се бришеа што е апсолутно недозволиво па се случуваше, јас не велам дека тоа беше масовна појава но, се случуваше некој оценки преку ноќ да бидат променети, сега за такво нешто ќе има забрана и тоа нема да се случува.“ – вели Јаневска.

Министерката Јаневска изјави дека уште веднаш почнуваат со работа со новите програми и планови и дека до септември ќе има учебници за сите во основно училиште а во средното во најголемиот дел ќе добијат.

„Уште веднаш почнуваме да работиме на новите програми и планови да ги оделиме посебните предмети, да имплементираме она што наставинците, родителите велат дека не функционира и не дава ефект и секако за следната 2025-2026 да бидеме комплетно готови со таа надградена променета концепција , со нови наставни планови и програми и со нови учебници за учениците.“ – вели Јаневска

Новата министерка за образование уште утре оди на средба со Сонк со цел да се почнат преговори за подобрување на сите услови на вработените во образованието. Јанева додаде дека и дека веќе почнуваат да размислуваат како ќе одат покачувањата на платите. А за студентите и помошта на учениците како што кажа се прават анализи и пресметки зошто не е исплатена. Таа посочи дека уште пред да стане министерка побарала трпение за одредени проблеми кои како што вели ќе се надминуваат чекор по чекор.

Извор: 24vesti.mk

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

“ВАР малерот” Лукаку се договори со Милан

Следно

Денот кога умре сонот за вештачката интелигенција

Latest from Blog

Проданоски: Реконструкција на „11-ти Октомври“ – нови тротоари, велосипедски патеки и осветлување во Прилеп

Градоначалникот Дејан Проданоски најави реализација на значаен инфраструктурен проект на улицата „11-ти Октомври“ во Прилеп, со кој ќе се изврши реконструкција на тротоарите, велосипедските патеки и уличното осветлување. Проектот се спроведува во

Барбарез за потценувачките изјави на Тим Хауард: Не знам кој е тој

ФОТО:.nfsbih.ba/ Сергеј Барбарез, селекторот на фудбалската репрезентација на Босна и Херцеговина, на прес-конференција го најави натпреварот од осминафиналето на Светското првенство против САД. Натпреварот против домаќините на турнирот ќе се игра во

ПУТИН ЌЕ НАПАДНЕ ОД БЕЛОРУСИЈА? – планови за итен пад на Киев!

Главниот командант на украинската армија, Олександр Сирски, во интервју за украинската телевизија „ТСН“ изјави дека рускиот претседател Владимир Путин му наложил на рускиот Генералштаб да ги пресмета различните опции за спроведување на
Go toTop