Министер за одбрана на Косово: Инвестициите во вооружувањето достигнаа 239 милиони евра

December 28, 2023
1 min read

ПРИШТИНА (АА) – Министерството за одбрана на Косово во текот на 2023 година забележа напредок во сите области, од буџетот, преку набавка на оружје, зголемување на бројот на војници и зголемување на платите, изјави министерот за одбрана Ејуп Маќедонци на завршната годишна прес-конференција, јавува Анадолу.

Маќедонци рече дека стратегиските цели на Република Косово се интеграција во евроатлантските структури, пред сѐ, во НАТО Партнерството за мир. Тој посочи дека Косовските безбедносни сили (КБС) постојано ги градат своите одбранбени капацитети според стандардите на НАТО.

Тој соопшти дека косовските безбедносни институции се во постојана координација со КФОР, НАТО и партнерите, со цел да се намали опасноста од заканите што доаѓаат од Србија.

„Самото присуство на три бригади на српската армија распоредени на југот на Србија претставува закана и милитаризација на јужната зона на Србија, односно граничната зона меѓу Србија и Република Косово. Военото присуство, нормално, претставува закана за нашата земја и тоа е последица на хегемонистичкиот и агресивен пристап на Република Србија во однос на нашата земја“, нагласи Маќедонци.

Зборувајќи за постигнувањата на Министерството за одбрана во текот на 2023 година, министерот рече дека се регрутирани 627 нови војници, додека за речиси три години од мандатот на актуелната Влада на Косово биле примени 1.836 нови војници, со што вкупниот број војници се удвојува.

Тој, исто така, истакна дека се зголемени платите, особено на членовите со пониски чинови, за 39 отсто. Тој рече дека во текот на оваа година 580 члена биле обучени надвор од државата, додека 62 кандидата на КБС се обучуваат на престижни воени академии во партнерските земји.

„Посебно достигнување е инвестицијата во системот за оружје, при што буџетот е зголемен за 100 отсто во однос на 2022 година. За набавка на оружје во текот на оваа година се инвестирани 28 отсто повеќе или околу 4 милиони колку што беа инвестирани за време на претходните влади, сумата достигна 239 милиони евра инвестиции во вооружениот систем. Беспилотните летала ‘Бајрактар’ се само дел од модерниот вооружен систем опремен со Косовските безбедносни сили“, рече Маќедонци.

Тој додаде дека набавката на оружје го поддржува развојот во согласност со сеопфатниот транзициски план на Косовските безбедносни сили.

Одговарајќи на прашања на новинарите, тој посочи дека мерките што ги воведе Европската Унија на Косово поради ситуацијата на северот на Косово не влијаеле врз косовските безбедносни сили и нивното учество на меѓународни воени вежби со земјите партнери.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Првата VUSE вејпинг зона се отвора во Скопје: Број 1 глобалниот вејпинг бренд го зајакнува своето присуство во земјата

Следно

Израел објави тендери за изградба на 1.839 населени единици во Источен Кудс

Latest from Blog

Проданоски: Турскиот јазик е важен дел од културниот мозаик во Прилеп

По повод Денот на наставата на турски јазик, градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски, упати искрени честитки до сите наставници, ученици и образовни работници кои ја негуваат и унапредуваат наставата на мајчин

Николоски: Со сложени зафати го решаваме најтешкиот дел од автопатот Охрид–Кичево

Со примена на сложени инженерски решенија кои за првпат се користат во регионот, ќе се доизгради автопатот Охрид–Кичево, најави Александар Николоски. Тој истакна дека се решаваат вкупно 16 косини, од кои на

Потенцијално нови наоди: Пронајден досега непознат влез во најмалата пирамида во Гиза

И илјадници години откако биле изградени, се чини, пирамидите во Гиза сè уште чуваат тајни. Нагласката на најновото истражување е кај Менкауровата пирамида – најмалото од трите зданија, кај коешто тим научници

Гоце Седлоски нов селектор на фудбалската репрезентација на Македонија

Управниот одбор на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) на денешната седница донесе одлука за избор на нов селектор на македонската А репрезентација. За нов селектор е именуван Гоце Седлоски. Членовите на највисокото
Go toTop