Минимална плата во Белгија се зголемува на 2029,88 евра

March 30, 2024
1 min read

Загарантираната месечна минимална плата за полно работно време во Белгија од утре се зголемува на 2029,88 евра, јави дописникот на МИА од Брисел. 

Досега, загарантираната минимална плата во земјата изнесуваше 1992,38 евра, а зголемувањето е во рамки на планот на Владата за нејзин раст оваа година за 37,50 евра. Следното зголемување, исто така за 37,50 евра, е предвидено за 2026 година. 

Со ова Белгија ќе се приклучи на групата на членки на ЕУ чија минимална плата е повисока од 2000 евра. 

Поголема минимална плата од Белгија од утре ќе имаат само Луксембург и тоа од 2570,93 евра, Ирска од 2146,30 евра, Холандија од 2070,12 евра и Германија од 2054 евра. 

По Белгија следна е Франција, каде од 1 јануари годинава минималната плата е покачена на 1766,92 евра. 

Во својата предизборна програма за белгиските парламентарни и регионални избори, што ќе се одржат во јуни заедно со европските избори, валонската Социјалистичка партија (ПС) ветува дека во следните години минималната плата во Белгија ќе се зголеми на 2800 евра. Според анкетите, се очекува ПС да освои најмногу гласови во Валонија и да биде трета по јачина сила во регионот на Брисел, со што би имала најголем број пратеници меѓу партиите од актуелната седумпартиска владејачка коалиција.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

AUTO SHKOLLA BEKO

MATINA DENTAL CLINIC

Претходно

Уставни измени, стратешки инвестиции и пакет реформи во наследство на новото Собрание

Следно

Обезноста причина за хронични болести, во Центарот за менаџирање на дебелина прегледани 730 пациенти

Latest from Blog

Ѓорѓиевски – Николоски: Скопје го развиваме заедно!

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денес оствари работна средба со заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт и врски, Александар Николоски. На состанокот, кој се одржа во просториите на Град Скопје,

Ѓорѓиевски и Николоски: Скопје ќе добие модерен и еколошки јавен превоз

Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денес оствари конструктивна средба со заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, во просториите на Градот. На средбата беа разгледани заедничките проекти кои ќе донесат

Пи Диди во затвор правел домашна ракија!?

Како што објавува „TMZ“, тој предизвикал сериозен проблем со раководството на затворот  „Форт Дикс“ кога бил фатен како консумира „домашен алкохолен пијалок“. Според дополнителни извори, рецептот за истиот „домашен алкохол“ е направен од

ДЕНЕСКА Е СВЕТА ПЕТКА, ја празнуваме Светата маченичка Параскева

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 28 октомври. Светата маченичка Параскева (Петка) Родена е во градот Иконија од родители богати и христољубиви. По смртта на своите родители како девојка почна
Go toTop