Милошоски: Интерпелациите се неопходни за кадровски реформи, членовите на Судскиот совет треба да покажат зрелост и да поднесат оставка

March 10, 2025
3 mins read

На вечерашното емитување во емисијата Тема на денот на Сител телевизија, гостуваше пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски и го истакна својот став во однос на утрешните инерпелации, и поддржувајќи ги изјави дека дека функционери кои изгубиле доверба од органот што ги избрал, во овој случај Собранието, не треба да носат важни одлуки. Тој нагласи дека членовите на Судскиот совет кои ќе бидат подложени на интерпелација треба да поднесат оставка, како знак на демократска одговорност и зрелост. Милошоски исто така ги критикуваше СДСМ за тоа што не се придружуваат на неопходните кадровски реформи во Судскиот совет, кои се важни за решавање на незаконитостите што ескалирале во судството.

,,Прво сакам да подвлечам дека утрешната интерпелација е уставно и демократски оправдана согласно членот 72 од Уставот, каде што секој избран и именуван функционер, а овде станува прашање за такви функционери, може да биде предмет на интерпелација, односно изгласување на доверба или недоверба на одреден функционер. Овие петмина членови, избрани од Собранието во изминатиот период, цениме дека секој поединечно даде, за жал, негативен придонес со одредени несовесни постапки, со што се деградира влијанието, улогата и репутацијата на Судскиот совет, а со самото тоа и угледот на целото правосудство. Сметам и очекувам дека утре ќе им биде изгласана интерпелација со многу поголемо мнозинство од она што беше потпишано од 67 пратеници на иницијативата за интерпелација“, вели Милошоски.

Милошоски истакна дека функционери кои изгубиле доверба од органот кој ги избрал, немаат легитимитет да носат важни одлуки. Тој смета дека членови на Судскиот совет кои ќе бидат подложени на интерпелација треба да поднесат оставка како знак на политичка и демократска одговорност.

,,Секој оној на кого му е изгласана недоверба од органот кој што го избрал, по изгласувањето на таквата недоверба, без разлика дали е член на Судскиот совет или министер во Владата, нема легитимитет да носи други сериозни и важни одлуки во телото каде што веќе не ужива доверба. И затоа сметам дека ќе биде најдемократски за секој оној член на Судскиот совет на кого ќе му биде изгласана интерпелација да си поднесе оставка како чин на зрелост и на политичка и демократска одговорност. Кога не уживате доверба од Собранието кое ве бира, тогаш немате ни демократски легитимитет да одлучувате во Судскиот совет. Се надевам дека членовите на кои што ќе им биде изгласана интерпелација ќе имаат зрелост да си поднесат оставка“, рече Милошоски.

Милошоски истакна дека кога сте член на Судскиот совет, веќе не сте судија. Судскиот совет има надлежност да контролира судии, но не е суд сам по себе, и ги обвини СДСМ за непознавање на разликата меѓу правосудните органи, тврдејќи дека не прават правилна разлика помеѓу Судскиот совет и судството.

,,Тој што им го пишувал соопштението на СДСМ, веројатно не прави добра разлика и дефиниција на правосудните органи. Кога сте член на Судскиот совет, вие од тој момент не сте веќе судија. Може да бидете судија, некој да ве предложи, Собранието да ве изгласа или претседателот да ве предложи, но вие од тој момент не сте судија, и Судскиот совет не е суд. Тој има надлежност да контролира судии, но не е суд сам по себе“, прецизираше Милошоски.

Милошоски ги обвини СДСМ дека не се придружува на неопходните кадровски реформи во Судскиот совет, нагласувајќи дека реформите треба да се спроведат не заради мислењето на политичките актери или новинарите, туку затоа што Европската комисија испратила оценска мисија поради ескалацијата на незаконитости во Судскиот совет.

,,И затоа ценам дека е голема штета што СДСМ не се придружува на овој чин на неопходни кадровски реформи во Судскиот совет. Ние реформите во Судскиот совет треба да ги направиме не заради мислењето на поединци или пратеници од ВМРО-ДПМНЕ, или одредени новинари, или одредени актери во политичкиот живот. Овие реформи треба да ги направиме затоа што самата Европска комисија прати оценска мисија за тоа што ескалираа состојбите во Судскиот совет до тоа ниво да имаме незаконитости“, изјави Милошоски.

Милошоски смета дека треба да се направи комбинација од системски реформи и кадровски промени. Иако е важно да се подобрат законите, тој нагласува дека не може да се постигнат подобри резултати со истиот тим на луѓе.

„Според нас треба да се направи комбинација од двете можности, од двете препораки. Едната е да се работи на системско подобрување на законите, но истовремено, може да ги имате најдобрите правосудни закони, но не можете со истиот тим на луѓе да постигнете подобри позитивни резултати. Треба да има и системски реформи, се согласувам, но треба да има и кадровски промени. Интерпелацијата е дел од неопходните кадровски реформи во Судскиот совет“, истакна Милошоски.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

AUTO SHKOLLA BEKO

MATINA DENTAL CLINIC

Претходно

Уапсени 47 лица во Грција: Разбиена криминална организација, зад нив стојат тешки дела

Следно

Лицата со попреченост бараат целосна дигитализација и поедноставување на прибирањето документи за добивање паричен надомест

Latest from Blog

Автомобил удри во пешаци во југозападна Франција, неколку повредени

Најмалку пет лица се повредени откако автомобил се заби во група пешаци и велосипедисти во Сен-Пјер-д’Олерон, на островот Ил-д’Олерон, покрај западниот брег на Франција, изјави францускиот министер за внатрешни работи. Во објава

„Редит“ и „Кикстартер“ на листата социјални мрежи што ќе бидат ограничени за тинејџерите во Австралија

Популарниот форум „Редит“ (Reddit) и платформата „Кикстартер“ (Kickstarter) се додадени на листата социјални мрежи коишто ќе бидат ограничени за лицата под 16 години во Австралија од 10 декември. Со ова, бројот на

Јаневска на Светскиот ден на ромскиот јазик: Го негуваме јазичното и културното богатство, така сме посилни и побогати како држава

Ромскиот јазик е дел од нашето заедничко културно богатство и преку образованието станува дел од нашето заедничко наследство кое имаме должност и со задоволство го чуваме и негуваме, рече министерката за образование

Меџити: Серава добива инфраструктура по европски стандарди

Градоначалникот на општина Чаир, Изет Меџити, денеска изврши увид на завршените градежни работи во населбата Серава, каде што е комплетно асфалтирана улицата „ЛПК“. Во рамки на проектот се уредени и пусетите, како

Wolt: Прогресивен двигател на дигиталната промена во Македонија

Лансирањето на Wolt во Македонија претставува повеќе од појава на уште една апликација за достава, тоа е пресвртница во дигиталната и економската трансформација на земјата. Говорејќи на годишната eCommerce конференција во Скопје,
Go toTop