Милевски за списокот, за дуелите со Украина и Англија: Мора да погазам некои свои принципи!

June 1, 2023
1 min read

Во пресрет на дуелите со Украина и Англија, квалификациски за ЕВРО 2024, Благоја Милевски го објави списокот на играчи на кои ќе смета за јунскиот квалификациски циклус. По тој повод тој денеска и одржа и прес конференција.

Да кажеме дека стартот на подготовките ќе биде означен за утре за играчите кои доаѓаат од домашниот шампионат, а официјално тие стартуваат на 10 јуни.

“Нема да сметаме на Дарко Чурлинов и Бојан Миовски. Дарко сеуште е сместен во клинички центар во Белград и на двајцата им посакувам што побргу да оздрават. Што се однесува до списокот има еден дебитант, а тоа Сефер Емини. Останатите се тие што беа и во март. За жал останавме без двајца во нападот, ама не се жалиме. Сите кои се тука се најдобрите и сите се комбинација за настап. Кој ќе почне во нападот ќе видиме“ истакнува Милевски.

Во продолжение Милевски го кажа и ова…

„Муслиу по повредата ги одигра послесните мечеви за својот клуб. Сега неблагодарно е да се бара во моментов некаква форма. Мора да погазам некои свои принципи да одам контра оној мој принцип да играат само оние кои имаат минутажа во своите клубови. Ако е така тогаш ќе мора да се откажеме од 70 насто од играчите. Искрено само против Портигалија одигравме во полн состав, онака како што јас сакав. Не се жалиме, само се адаптираме на ситуацијата“ посочува Милевски.

Во врска со тоа кој голман го повикал, Милевски имаше свој одговор:

“Јас мислам дека Алексовски е подобар голман од Ќосевски и тоа е тоа, затоа тој е повикан“.

За Украинците:

“Не знам кој ќе биде селектор на Украина, и тоа мене не ми менува ништо. Тоа се нивните играчи, сконцентрирани сме на индивидуалните карактеристики. Игравме со нив на ЕП и знаеме како треба со нив“.

Што може да се очекува од овие натпревари, дали ќе биде задоволен со два бода од овие два меча, Милевски одговори:

„Кога играте со ваков тип на противници мора да имате цел. Како да победите на тој натпревар. А што ќе се случува на тој меч, како ќе заврши, тоа не можете да го кажете. И ние, но и Украина ќе стори се да го добие овој натпревар. Да кажам на крај дека последни ќе ни се приклучат Илиев и Алиоски со оглед на тоа дека имаат мечеви на 10 јуни“ заврши Милевски.

ИЗВОР: kurir.mk

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

Израелските сили приведоа 33 Палестинци на окупираниот Западен Брег

Следно

Ердоган и официјално прогласен за победник во вториот круг претседателски избори во Туркије

Latest from Blog

Драма кај Португалците: Соиграчите го бојкотираат Роналдо?! Тој остави порака на Инстаграм!(ФОТО)

фото: Actu Foot @ActuFoot_ (X) И тоа какви проблеми и драми во таборот на Португалците. Кристијано Роналдо се огласи на социјалните мрежи откако беше критикуван по првиот натпревар на Португалија на Светското

Активен пожарот во Општина Арачиново, каде гори ѓубре и ниска вегетација, девет изгаснати

На територијата на државата денеска до 18 часот се регистрирани вкупно 10 пожари на отворен простор, од кои сè уште активен е пожарот во Општина Арачиново, каде гори ѓубре и ниска вегетација,

На денешен ден пред точно педесет години настана легендарната „Паненка“(ВИДЕО)

Дочека светот да слави педесет годишнина од изведувањето на легендарниот пенал „Паненка“. Историскиот момент пред точно пет децении на денешен ден се случи во Белград, на легендарната „Маракана“, каде што тогаш репрезенаттивецот

Проданоски: Трајно го решаваме проблемот со водата во Лениште

Градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски, заедно со заменик-министерката за животна средина и просторно планирање, Ане Лашкоска, изврши увид во градежните активности за изградба на нов водоснабдителен систем во селото Лениште. Станува
Go toTop