Селекторот на фудбалската репретација Блгоја Милевски по победата над Летонија во Лигата на Нации на прес-конференија изјави дека клучот на успехот е тимскиот дух и карактерот на оваа селекција.
„Задоволен сум од резултатот, од пристапот и од желбата на нашите момци. Од играта во одредени моменти не сум задоволен, но најважен е резултатот, а сите аномалии ќе ги решаваме во од. Имавме картони, повреди и вирус, но исконтролиравме и победивме.
Ова е победа на фудбалерите, тие се заслужни, иако ние пред натпреварот имаме план А, Б и Ц. Почнавме да го градиме овој натпревар по оној пораз од 7-0 во Манчестер и добива физиономија како што сакам јас да изгледа мојот тим. Секогаш тежнеам за нешто повеќе, но работата на тимот полека дава резултати“, рече селекторот.
Исто така Милевски се осврна на настапот на Елмас и Ќамили.
„Елмас заслужува поголем респект од сите нас, посебно од оние кои не му мислат добро на националниот тим. Тој никогаш не кажал НЕ за Македонија. Тој секогаш ќе ја има мојата поддршка. Потенцијалот на Ќамили ни треба и полека се адаптира на тимот и ја оправдува довербата. Ни недостигаше таков тип на фудбалери. Одигра одлично во напад и во одбрана, го краси тактичка дисциплина“, заврши Благоја Милевски.
Утре со чартер лет од Рига за Ереван,каде македонската селекција же го игра мечот и дуелот во Ерменија.
Извор: kurir.mk