Милановиќ го покани папата во Хрватска

October 31, 2025
1 min read

– Да, секако, му е врачена формална покана да дојде во Хрватска, им рече Милановиќ на новинарите по приватната аудиенција кај папата и средбата со ватиканските дипломати, пренесе Хина.

Претходниот папа, Франциск, кај кого Милановиќ беше во 2021 година, не ја посетил Хрватска, иако исто така бил поканет.

На прашањето како знае дека овој папа ќе ја посети Хрватска, Милановиќ рече дека тоа го темели на проценка.

Тој рече дека разговорот со папата бил пријатен и оти воопшто не станало збор за политика.

– Ми се чини дека ова е папа кој воопшто нема да се занимава со политика на начин на кој тоа понекогаш, во некои ситуации и моменти, знаеја да го прават неговите претходници, што не го сметам за погрешно, но мислам дека тој е поинаков. Мислам дека нема да дозволи да биде вовлечен во тоа, ниту да вовлекува други. Тоа е исто така моја проценка, кажа Милановиќ на новинарите.

Милановиќ рече дека не може да изнесува детали за разговорот со државниот секретар на Ватикан, Пјетро Паролин, наведувајќи дека станало збор и за положбата на Хрватите во Босна и Херцеговина.

На прашањето дали се разговарало за Косово, Милановиќ повтори дека Ватикан не го признал Косово, велејќи дека Светата Столица е „многу конзервативна во тие работи“, како што Косово не го признале ниту пет земји на Европската унија, „секоја поради некои свои причини“.

– Тоа покажува дека државите се ориентирани кон себе, што всушност не е лошо, важно е да не се зли ниту инвазивни, рече Милановиќ, додавајќи дека тој каде што може се залага Косово да биде признаено.

– Тоа не го правам за да ѝ напакостам на Србија или на Србите, тоа е едноставно реалност, додаде тој, пренесе Бета. 

Извор: vecer.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Барса поблиску до Камп Ноу, Лапорта и компанија чекаат уште една дозвола!

Следно

Објавен трејлерот за „Врисок 7“ (ВИДЕО)

Latest from Blog

Проданоски: Поддршката за лицата со Даунов синдром е наша заедничка обврска

Градоначалникот на Прилеп, Дејан Проданоски, упати порака за поддршка до сите лица кои живеат со Даунов синдром, нагласувајќи дека секој човек носи своја вредност, своја приказна и има свое место во заедницата.

Абас Арагчи: Иран е подготвен да сослуша и да разгледа иницијативи за крај на војната

Арагчи за јапонската новинска агенција Кјодо изјави дека Иран е „подготвен да ги сослуша и разгледа таквите предлози“, пренесе Би-Би-Си. Иако некои земји бараат решение за конфликтот на Блискиот Исток, иранскиот министер

Хоџа најави јавна расправа за новиот Закон за заштита на природата

Светскиот ден на шумите, Министерот за животна средина и просторно планирање, Муамет Хоџа, ја информира јавноста дека во текот на наредниот месец започнува јавната расправа за новиот Закон за заштита на природата.

Животниот век во Македонија е за пет години пократок од ЕУ

Разликата во квалитетот на животот меѓу Македонија и Европската унија сè појасно се отсликува преку еден од најважните показатели – очекуваниот животен век. Најновите податоци покажуваат дека граѓаните во земјава живеат речиси
Go toTop