Мицкоски: Власта на СДС и ДУИ да престане да ја мачи македонската јавност и да прифати избори на кои ќе се понудат решенија за проблемот во кој тие ја втурнаа Македонија

February 25, 2023
2 mins read

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски за време на денешната посета на Велес коментирајќи ја понудата на Артан Груби до опозицијата за изгласување на уставните измени, а потоа да се оди на предвремени парламентарни избори, истакна дека ВМРО-ДПМНЕ има принципиелен став и дека пратениците од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата не излегоа на избори со ветување дека ќе преговараат дали Гоце Делчев бил Македонец или Бугарин, туку ветуваа проекти за поквалитетен живот и затоа власта треба да се охрабри и да се оди на избори на кои сите партии ќе понудат решение за проблемот во кој ја втурнаа Македонија СДСМ и ДУИ.

„Тие предлози од владата на ДУИ поддржана од СДСМ сме ги слушале во минатото. Ќе потсетам, ВМРО-ДПМНЕ има принципиелен став и ќе го повторам уште еднашка јавно, ВМРО-ДПМНЕ не учествуваше во преговорите за таканаречениот француски предлог, јас на прес-конференција понудив ВМРО-ДПМНЕ да биде дел од тие преговори, мислам дека беше април месец минатата година, истиот ден Ковачевски го одби тој предлог. Во јуни крајот, почетокот на јули кога ги правеа оние политички гимнастики, одбивме во Брисел, кажавме не, па потоа прифатија за една недела сѐ што им беше на маса ставено. Ги предупредивме, не преземајте обврска која што нема да ја исполните, но тие и покрај тоа ја втурнаа Македонија во една голема неизвесност и авантура прифаќајќи ја преговарачката рамка каде што билатералниот договор со соседна Бугарија е дел и тоа е единствен таков случај во историјата на ЕУ, мислејќи дека ќе се повторат некои минати искуства и дека на тој начин ќе добијат некои политички поени. Ги предупредивме дека нема да се повтори. Осум месеци потоа не убедуваа на отворена сцена, имале, немале, а гледаме дека немаат доволен број пратеници и нема да имаат, затоа што овие пратеници од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата не излегоа на избори да ветуваат дека ќе преговараат дали Гоце Делчев бил Македонец или Бугарин, не ветуваа на избори дали Илинденското востание е македонско Илинденско или бугарско Преображенско. Овие луѓе ветуваа проекти, ветуваа поквалитетно образование, поквалитетно здравство, поквалитетна инфраструктура итн. Ние сакаме да покажеме дека не сме исти, дека стоиме до дадениот збор и тоа беше нашиот даден збор и од тука нема ни милиметар да се поместиме“, истакна Мицкоски.

Тој исто така упати и контрапредлог до власта да не ја мачат македонската јавност, да се охрабрат, па на предвремени избори сите политички партии да понудат решение за проблемот во кој што ја втурнаа Македонија.

„Факт е дека Македонија има проблем, факт е дека тој проблем владата на ДУИ поддржана од СДСМ го донесе, а потврда на тој факт е дека условно кажано најпроевропската влада во Македонија има најмала поддршка за членство на Македонија во ЕУ. Затоа јас има контра предлог до нив, да не ја мачат македонската јавност, да престанат да крадат, да се охрабрат и ако мислат дека добро правеле изминативе години и изминативе месеци, еве во мај, не мора 100 дена техничка влада, еве и тоа им го овозможуваме, да одиме на избори и секоја политичка партија да понуди решение за проблемот во кој што ја втурнаа Македонија. Во спротивно само ја продолжуваат агонијата, Македонија ќе тоне и да тие ќе бидат побогати, но за жал еден ден тоа богатство од глава ќе им се удри“, додаде Мицкоски.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Десетиот пакет санкции на ЕУ кон Русија опфаќа 121 лице и фирми

Следно

Проекција на документарецот „Градина на пријателите“ на режисерот Марковиќ

Latest from Blog

За Тони Крос нема дилеми кој треба да ја добие “Златната топка“: Тој во моментов е најдобар во светот!(ФОТО)

ФОТО: Real Madrid FC/X Доделувањето на “Златната топка“ ќе се одржи на 26 октомври во Париз, а во претходните недели се водеше голема полемика околу тоа кој ќе ја освои. Минатата година,

Волмарт добива 3 милијарди долари поврат од царините на Трамп, најавени се попусти

 Најголемиот американски малопродажен ланец објави дека ќе користи рекордни 2,9 милијарди долари поврат за да ги намали цените и да го поттикне купувањето, објавува „CNN“. Компанијата објави нето добивка од 6,4 милијарди

Полни маси, празен џеб

Речиси секој угостител вели дека прометот е рекорден, а профит сепак нема. Тефтер е иновативен POS систем што покажува каде оди заработката и расте заедно со локалот – од мало кафуле до

22,6 милиони денари промет на Македонската берза, Гранит во фокусот на инвеститорите

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Тргувањето на Македонската берза на 21.08.2026 заврши со благ раст на индексот МБИ10, кој изнесуваше 9.217,39 поени. Во

Еве што го чека Алварез пред тренинг-кампот на Атлетико Мадрид!(ФОТО)

ФОТО: La Liga/FB Хулијан Алварез се најде во центарот на вниманието откако се појавија нови информации за неговата иднина во Атлетико Мадрид, а ситуацијата меѓу аргентинскиот напаѓач и клубот очигледно станува е
Go toTop