Мицкоски: Со лаги и измами, следуваат тужби

February 26, 2023
1 min read

Денес е прочка голем празник, ден кога простуваме и бараме да ни простат ако нешто сме погрешиле изминатата година, напиша на Фејсбук претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

-ДУИ нареди, а СДСМ исполни. Кога не можат поинаку, одлучија со брутални невистини повторно да ја нападнат мојата чест, честа на моето семејство, но и честа на семејството на мојата сестра. Семејниот дом на семејството на мојот зет, сестра и внука, создаден со продаден имот добиен како наследство и подигнат банкарски кредит да го претстават како мој скриен имот. Ниту сум купил, ниту поседувам скриен имот. Денес е прочка и јас им простувам за ова што ми го прават мене и на моето семејство и затоа имаат 24 часа медиумите блиски на ДУИ (лице вработено во кабинетот на Артан Груби) и СДСМ (Џабир Дерала) да ми се извинат за лагите кои ги објавија, а доколку тоа не го сторат ќе ја барам правдата преку судски процес. Јас не сум ниту премиер, ниту вицепремиер, ниту министер, ниту директор, ниту вршител на јавна функција. Претседател сум на најголемата политичка партија во Македонија и вработен на Универзитетот Св. Кирил и Методиј во Скопје како редовен професор. Ја повикувам Сања Лукаревска јавно да ги објави сите мои даночни пријави како директор на Управата за јавни приходи, ги повикувам Оливер Спасовски и обвинителот на ДУИ Ислам Абази веднаш да го проверат целиот мој имот и имотот на моето семејство и доколку констатираат нешто што не е согласно закон веднаш да ме приведат, истакна Мицкоски.

Зато што набргу од денес крајот на криминалците во политиката ќе биде пеколен, јас ви ветувам, додава тој.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

(ВИДЕО) Повеќе од 40 мигранти се удавија во чамец превртен во близина на Италија, меѓу жртвите има и деца

Следно

Потврдена кандидатурата на Мило Ѓукановиќ за претседател на Црна Гора

Latest from Blog

Следниот круг преговори за војната во Украина ќе се одржи на 17 и 18 февруари во Женева

Во меѓувреме, советникот на украинскиот претседател за комуникации, Дмитро Литвин, изјави дека следниот круг преговори со Русија и САД ќе се одржат на 17 и 18 февруари во Женева. Преговорите во Женева

Традиционална церемонија на свечено менување на државното знаме во претседателскиот кабинет

Повеќе од 170 основци од скопските училишта „Ѓорѓија Пулевски“ и „Кочо Рацин“ и од училиштето „Св. Наум Охридски “ од Охрид, денеска ја проследија церемонијата на свечено менување на државното знаме, којашто

ВЛЕН: Намалувањето на царините со САД отвора нова ера на слободна трговија и економски раст

Коалицијата ВЛЕН оцени дека договорот меѓу Северна Македонија и Соединетите Американски Држави за меѓусебна трговска и енергетска соработка претставува историски чекор кој го зајакнува стратешкото партнерство и отвора нови можности за економски

Тудор на клупата на Тотенхем!

ФОТО: Инстаграм “Бомба“ на Островот. Хрватот Игор Тудор ќе стане нов менаџер на Тотенхем. Сите најдоверливи експерти за трансфери, вклучувајќи ги Фабрицио Романо, Давид Орнштајн и Џанлука Ди Марци, потврдија дека Тудор
Go toTop