Мицкоски со честитка по повод празникот Велики поклади – Прочка

February 26, 2023
1 min read

Во мое лично име и во име на ВМРО-ДПМНЕ на сите православни верници им го честитам празникот Велики поклади – Прочка, се вели во честитката од претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Простувањето е личен подвиг во кој човекот ги победува своите слабости, недостатоци и грешки кои сите ние ги имаме. Во најдлабоката суштина на сето ова е стремежот да бидеме подобри, почовечни, да ги сакаме ближните и да се бориме за работите кои веруваме. Во центарот на таа борба е иднината на нашите семејства, пријателите, народот, иднината на нашата Македонија. А, за тоа е потребно волја и верба, чист образ и многу работа. И во тој контекст никогаш не ми е тешко да ја побарам прошката за работите кои можеле да бидат поинакви и подобри, од моите блиски, соработниците, од народот во кој цврсто верувам. Човечки и исправно е да се побара прочка од оние кои му значат на човека. Но воедно тоа не значи и немање на одговорност за сите оние кои си поигруваат со заедничката иднина на сите и го прават живот потежок. Само заедно, едни до други, со чисто срце и верба во Бога можеме да се избориме за посреќна, постабилна и просперитетна иднина. Нека е честит празникот Велики поклади – Прочка! Нека е за многу години! Вели Мицкоски.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

Извршен увид, во несреќата во Илинден загина 14-годишно девојче

Следно

КРОВОТ НА ШТИПСКИОТ ДОМ НА КУЛТУРАТА ЌЕ БИДЕ ЦЕЛОСНО ПОКРИЕН СО ФОТОВОЛТАИЧНИ ПАНЕЛИ, СЕ ПЛАНИРА ГОДИШНА ЗАШТЕДА ОД 15.000 ЕВРА

Latest from Blog

Тудор после Интер: Беше лудо, не знам дали ја заслуживме победата!

Во италијанското дерби полно со пресврти, Јувентус го победи Интер со 4:3 пред своите навивачи. Победничкиот гол беше постигнат во судиското продолжение. Тренерот на Стара дама, Игор Тудор, призна по натпреварот дека

Трипуновски: Секој кој има штета ќе биде обештетен

Министер за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски присуствуваше на прес-конференција на Управувачкиот комитет за справување со кризи кој во проширен состав заседаваше во МВР. Во регионот каде што е пожарот во

Џон Малкович за аферата со убавата Мишел Фајфер: Кога ќе ја преминете границата, нема враќање

 Двајцата биле во брак во тоа време, а нивната романса од снимањето се прелеала и во реалниот живот. Во историската романса од 1988 година, режирана од Стивен Фрирс, Малкович и Фајфер ги
Go toTop