КРОВОТ НА ШТИПСКИОТ ДОМ НА КУЛТУРАТА ЌЕ БИДЕ ЦЕЛОСНО ПОКРИЕН СО ФОТОВОЛТАИЧНИ ПАНЕЛИ, СЕ ПЛАНИРА ГОДИШНА ЗАШТЕДА ОД 15.000 ЕВРА

February 26, 2023
1 min read

Домот на културата „Ацо Шопов“ во Штип до крајот на летото ќе биде прва институција од областа на културата во Источна Макадонија која ќе има фотоволтаична централа. Фотонапонските панели ќе бидат на целата кровна конструкција на Домот на површина од 1.100 квадратни метри, со инсталирана моќност од 220-300 киловат часови од кои 40 киловат часови ќе бидат на располагање на Центарот за култура во чиј состав работи и Домот на кулурата во Штип.

„Се работи за енергетски хаб проект што ќе го имплементираме во соработка со приватниот сектор кој за реализација на проектот ќе вложи околу 200.000 евра, а Центарот за култура во наредните 25 години ќе остварува приход од закуп на кровната површина со што сметките за струја на Центарот на годишно ниво ќе бидат помали за 15.000 евра“, вели директорот на центарот Горан Трајков.

Трајков додава дека Јавните приватни партнерства во културата се значаен дел за одржлив развој. Со овој потфат, како што вели тој,  се придонесува и во делот на екологијата за почиста и поздрава животна средина преку намалување од 2 до 5 тони јаглерод диоксид, а самиот енергетски хаб во Штип ќе поттикне отворање на нови работни места.

Т. ЈОВАНОВСКИ

ИЗВОР: sdk.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

AUTO SHKOLLA BEKO

MATINA DENTAL CLINIC

Претходно

Мицкоски со честитка по повод празникот Велики поклади – Прочка

Следно

Европа во себе има нешто вечно: хемикалии

Latest from Blog

Мис Универзум Мексико ќе оди на суд- ја тужи организаторот на натпреварот (ВИДЕО)

Целата драма кулминираше со судска постапка по неколку недели јавни обвинувања. Како сè започна Раздорот започна на 4 ноември, кога Ицарагрисил јавно ја критикуваше мексиканската претставничка за наводно одбивање да учествува во

ВИТАМИНСКА БОМБА ЗА АНЕМИЈА

Чувство на постојан умор, бледа кожа, забрзано чукање на срцето и недостиг на здив – можеби мислевте дека е само последица на стрес и современиот начин на живот. Но што ако станува

ФОТО: Прогласена бојата за 2026 – Нов тренд во модата и ентериерот

Институтот за бои Пантон традиционално, како и секоја година, ја избира бојата за претстојната 2026 година и веќе ја гледаме насекаде околу нас. Доловувањето на културниот дух и трендовите за претстојната година
Go toTop