МФ: Усвоен Буџетот за 2024 во Собранието, носи инвестиции, развој и одржливост

December 27, 2023
1 min read

реклама


Собранието на РС Македонија денеска го усвои Дополнетиот предлог-буџет за 2024 година, којшто ги таргетира приоритетите и соодветно ги распределува средствата за исполнување на  јавните потреби на граѓаните и фирмите. Вкупните приходи во Буџетот за 2024 година се планирани на ниво од 310,1 милијарди денари и истите се за 10% повисоки во однос на 2023 година, додека расходите се планирани на ниво од 343,6 милијарди денари или за околу 5,8% повисоки во однос на 2023 година.  Вака планираните приходи и расходи резултираат со буџетски дефицит од 33,5 милијарди денари или 3,4% од планираниот БДП кој е намален во однос на 2023 година за 9,2 милијарди денари.

Министерот за финансии Фатмир Бесими претставувајќи го Предлогот во Собранието потенцира дека политиките што се дел од Буџетот за 2024 година се во функција на одговор на продолжената неизвесноста, забавување на глобалната економија и ризиците врз нашата економија.

реклама

„Стратегијата за заздравување, а понатаму и за забрзување на растот се заснова, прво и основно, на поттикнување на развојот преку силен инвестициски циклус, чиј носител е јавниот сектор, преку крупните инфраструктурни проекти, но исто така и приватниот сектор, кој ќе биде поддржан преку буџетските политики. Второ, клучно е обезбедувањето фискална одржливост, преку континуирана фискална консолидација, но воедно и енергетска одржливост, одржливост во земјоделството и воопшто во економијата, преку водење зелена економија“, посочи министерот во експозето.

Буџетот за 2024 година е прв буџет кој се заснова на фискалните правила од Законот за буџети и обезбедува водење здрава, предвидлива и одржлива фискална политика која е во насока на намалување на буџетскиот дефицит и јавниот долг, поттикнување на економската активности, како и таргетирана поддршка на најранливите категории граѓани и на стопанството.

реклама

Во Буџетот е клучно што се менува структурата и што од минатата година на повисоко ниво се планирани капиталните расходи, кои се и на повисоко ниво од буџетскиот дефицит. Капиталните расходи се планирани на ниво од 41,2 милијарди денари, и се наменети за реализацијата на веќе започнатите инфраструктурни проекти, односно инвестиции во патната и железничката, енергетската и комуналната инфраструктура, како и капитални инвестиции за подобрување на условите во здравствениот, образовниот и социјалниот систем, земјоделството, културата, спортот, животната средина и правосудството.

Со оглед на продолжување на неизвесноста во Буџетот се предвидени за 2024 година и 60 милиони евра за мерки за поддршка на најранливите категории граѓани и стопанството. 

реклама

Буџетот во 2024 година обезбедува редовно и непречено извршување на сите законски обврски, непречено спроведување на изборните активности, поддршка на домашната економија, приватниот сектор и граѓаните, зголемена и забрзана реализација на инфраструктурните проекти, привлекување на странски инвестиции и иновативност на домашните компании и друго.

Растот на економијата за 2024 година е проектиран на ниво од 3,4% и инфлација на ниво до 3,6%.

реклама

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ЦРНА ХРОНИКАСемејна драма во Аеродром: Маж претепан од мајката на неговата сопруга

Следно

Лога: Досега нема дополнителна информација за екстрадицијата на Љупчо Палевски

Latest from Blog

Ракометната федерација на Македонија со остра реакција по мечот со Грција: Кратенката НМКД е неприфатлива

Ракометната федерација на Македонија (РФМ) најави дека ќе поднесе официјален приговор до Европската ракометна федерација (ЕХФ) и до Ракометната федерација на Грција поради кратенката што беше употребена во телевизискиот пренос од натпреварот

ИНТЕРВЈУ ЗА БУЛЕВАР.МК | Сања Божиновска: ЕУ ги препозна конкретните реформи и резултати во енергетиката

Европската комисија издвојува конкретни реформи и резултати, а гасните врски се енергетски автопати на државата 1. Во новиот извештај Европската комисија бележи напредок во енергетиката. Кои позитивни оценки ги сметате за најважни

КОШУТИЌ: Институциите да утврдат дали има одговорност за наодите од ревизијата

Генералниот директор на ЖРСМ Транспорт, Дејан Кошутиќ, очекува надлежните институции, меѓу кои и Јавното обвинителство, да ги разгледаат наодите од конечниот извештај на Државниот завод за ревизија и да преземат мерки во

Нови перспективи за новото лидерство: заврши 17. Школа за млади лидери на претседателот Иванов

Со завршна свеченост во хотелот „Инекс Олгица“ во Охрид, на 6 ноември заврши седумнаесеттата Школа за млади лидери на претседателот Иванов, посветена на темата „Нов свет. Ново лидерство. Нов прагматизам“. Годинашното издание

„И Здравје и Работа“: Македонија треба да ги следи европските политики за критични суровини и да создаде услови за одговорно рударство

Европскиот извештај е поттик за усогласување на законодавството, развој на рударството и искористување на потенцијалот на домашните минерални ресурси Европската Унија јасно укажува дека критичните минерални суровини имаат стратешко значење за европската
Go toTop