Мециновиќ во Аргумент плус: Левица на локалните избори ќе има кандидати во повеќе градови вклучително и за Град Скопје

April 23, 2025
1 min read

Пратеникот од Левица, Амар Мециновиќ во Аргумент плус рече дека на локалните избори ќе имаат кандидати за повеќе градови во Македонија, вклучително и општини во Скопје и Град Скопје.

Тој рече и дека очекува нивните кандидати да влезат во втор круг. 

„Прво очекуваме раст и ќе влеземе во втор круг во некои урбани општини, на парламентарните избори имавме голема поддршка во големи урбани средини, ќе понудиме кадар кој ќе оди во втор круг. Очекуваме после избори, дека нашиот ангажман во повеќе скопски општини ќе дојде во втор круг. Нема да имаме кандидати во сите општини, но во големите урбани центри очекуваме да имаме кандидати . Тоа се Штип, Битола, Кумново, Охрид, во Скопје ќе имаме во голем дел од Општините, вклучително и Град Скопје“, рече Мециновиќ.

За ситуацијата со „ВЛЕН“ и Таравари, Мециновиќ објасни дека Левица нема формирано никаков став за тоа, бидејќи, како што рече Левица е влада во сенка.

„Левица нема формирано став за случајот со Таравари, ние имаме примарна задача да бидеме најгласен опозицски елемент во Собранието на каква и да е влада. Нас ни е фокус ВМРО-ДПМНЕ. Нашиот фокус е на следење на секојдневни пропусти на ВМРО-ДПМНЕ и нивната коалција и да бидеме влада во сенка. Владата може да биде каква што е ние сме спремни и за предвремни парламентарни избори. Им паѓа рејтингот на ВМРО-ДПМНЕи нема да дадат предвремени парламентарни бидејќи никогаш нема да го имаат истиот резултат кој што го имаа сега“, додаде Мециновиќ.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Вардар и Струга финалисти во фудбалскиот Куп на Македонија

Следно

„Додека не се заврши со реорганизацијата, нема да има нов повик од ФИТР“, вели Додов

Latest from Blog

Евровизија пропаѓа: Уште еден победник го враќа трофејот поради учеството на Израел (ВИДЕО)

Откако победникот на Евровизија 2024, Немо, јавно објави дека го враќа својот победнички трофеј на Европската радиодифузна унија (ЕБУ), друг победник на Евровизија одлучи да го стори истото. Тоа е ирскиот пејач

ФОТО: Дали имате природен магнетизам? Првото нешто што го забележувате открива дали…

Овој интересен визуелен тест ја користи перцепцијата како забавен начин за да ѕирнете во вашиот внатрешен свет. Ве повикува да истражите како вашите први импресии од една едноставна слика може да ги

Митева: Денешниот настап на СДС претставува сериозна штета за медиумскиот простор во Македонија кој мора да биде јасно осуден

Како човек кој секојдневно е во директна комуникација со Вас, медиумите и новинарите, чувствувам обврска јавно да реагирам. Премолчувањето во вакви ситуации би значело дека се откажуваме од одговорноста што ја имаме

Хаос во Индија: Само што си замина Меси – на теренот летаа шишиња (ВИДЕО)

Посетата на Лионел Меси на Индија беше одбележана со инцидент во Калкута, каде што настана хаос откако незадоволни навивачи влетаа на теренот на стадионот „Солт Лејк“, објавија локалните медиуми. По пристигнувањето во
Go toTop