Местоположбата на Струга помага за пониски концентрации на ПМ честички во воздухот, но често се над дозволеното

January 28, 2025
1 min read

Вистинска среќа е што местоположбата на Струга и Охрид е таква што струењето на воздухот од север, во попладневните часови и во текот на ноќта, не дозволуваат високи концентрации на ПМ честичките, смета Никола Кукунеш асистент на проектот „Воздухот на граѓаните“. 

Според него, квалитетот на воздухот во Струга некои денови е на незавидно ниво, а ПМ2.5 честичките достигнуваа два до четири пати над дозволената граница. Мерните станици во Струга, изминатиот викенд, кога градот беше зафатен од густа магла покажуваа вредности меѓу 180 и 220 микрограми ПМ2.5 честички.

– Но, во денови кога нема нормално струење, кога процентот на влажност на воздухот е повисока и кога воздушниот притисок е низок сфаќаме дека нивото на загаденост е иста како во поголемите градови и неколку пати ги надминува максимално дозволените вредности. Таков беше случајот и пред неколку дена кога маглата и слабото воздушно струење придонесоа ПМ2.5 честичките да скокнат два до четири пати над максимално дозволената граница, вели Кукунеш.

До загадувањето, нагласува, доаѓа од загревањето на домовите со огревно дрво, со ќиумур и со фосилни горива. 

– Сите идни планови за намалувањето на загадувањето на воздухот ќе треба да нудат алтернативни начини на греење. Со оглед на ниската економската моќ на граѓаните своја стратегија ќе треба да понудат и локалната и централната власт, смета Кукунеш.

Дека најголеми загадувачи на воздухот во Струга се сообраќајот во летниот и согорувањето на огревното дрво во зимскиот период покажаа и анализите во лабораторијата при Универзитетот „Гоце Делчев“ од Штип направени во рамките на проектот „Справување со загадувањето на воздухот“.

Квалитетот на воздухот во Струга прв пат почна да се мери од декември 2023 година со поставување мерна станица во средното училиште „Нико Нестор“ преку проект на Универзитетот „Гоце Делчев“ од Штип. Потоа беа поставени уште 20 мерни уреди за следење на квалитетот на амбиенталниот воздух, во рамките на проектот „Воздухот на граѓаните“ што го реализира ИПО „Крсте Јон“, како дел од проектот „Справување со загадување на воздухот“, кој е дел од програмската рамка на УНДП, финансиран од Шведска.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Министерот за надворешни работи на Туркије, Фидан, се сретна со саудискиот колега Бин Фархан

Следно

Невреме и поплави во Италија

Latest from Blog

Мерц: Околу 80 отсто од 900.000 Сиријци во Германија треба да се вратат во татковината во следните три години

На денешната прес-конференција во Берлин, одржана заедно со сирискиот привремен претседател Ахмед ал Шара, Мерц истакна дека двајцата лидери постигнале согласност за овој план. Според канцеларот, во текот на „подолг рок од

Мицкоски оствари средба со Орбан: Македонија продолжува напред со достоинство, со реформи и со поддршка од вистинските пријатели

Премиерот Христијан Микоски денеска во Будимпешта оствари значајна и содржајна средба со премиерот на Унгарија, Виктор Орбан. -Разговаравме за продлабочување на економската соработка, нови инвестиции и конкретни проекти кои ќе донесат придобивки

Проданоски: меѓуопштинската соработка носи поефикасни услуги за граѓаните

Градоначалникот на општина Прилеп, Дејан Проданоски, денеска во Скопје учествуваше на настанот „Унапредување и зајакнување на меѓуопштинската соработка во локалната самоуправа“, во организација на Министерството за локална самоуправа, во соработка со УНДП
Go toTop