Месечевиот прав може да се користи за технологијата на иднината

June 12, 2024
1 min read

Месечевата прашина може да се искористи во производството на сателити, бази и сончева енергија, според истражувачите од Универзитетот на Ватерло во Белгија.

Се работи за реголит – метален прав што содржи кислород во себе, којшто научниците сакаат да го искористат за да го поттикнат развојот на технологијата на иднината. Тоа би ги опфатило и идните замислени привремени населби на природниот сателит на Земјата , каде што луѓето ќе престојуваат, работат и истражуваат во базни кампови, со ровери и најсовремена технологија. Месечевиот реголит е тамошен достапен ресурс што може да има полза, посочуваат научниците.

– Нашето истражување ја претвора научната фантастика во реалност. Нашата цел е да помогнеме во изградбата на инфраструктура и технологија што ќе овозможат одржливо човечко населување на Месечината, но и пошироко, изјави кандидатот за докторат Конор Мекроби.

Истражувачите тестирале различни комбинации на композиции на гориво и оксидатор за да ја оптимизираат тн. термитна реакција.

– Бидејќи реголитот веќе содржи кислород, може да го користиме за производство на топлинска енергија, без потреба од атмосферски кислород. Ова се нарекува термитна реакција, којашто е корисна во Вселената бидејќи таму нема лесно достапен кислород, појасни Мекроби.

Преносот на градежни материјали од Земјата за градбите на Месечината би бил скап и неделотворен, а месечевиот реголит е доста полезна замена, се согласуваат од белгиската Лабораторијата за истражување нова енергија (ЛЕЕР).

– Резултатите ја покажуваат одржливоста на горниот слој на Месечината да го поттикне развојот на самото вселенско тело, дозволувајќи им на луѓето да ја истражуваат и населуваат површината. Сега непрекинато работиме на подобро извлекување метали и друг корисен материјал од реголитот, како и дизајнирање автоматизирани процеси во соработка со канадски и истражувачи од цел свет, за да се олесни користењето на месечевите ресурси и да се поддржи кругот на вселенската економија, објани Џон Вен, директор на ЛЕЕР.

Истражувачите во истовреме работат и на решавање на растечкиот проблем со вселенскиот отпад. Тимот на ЛЕЕР ги гледа нефункционалните сателити како вредни ресурси. Тие содржат алуминиум, што во комбинација со месечевиот реголит може да се користи за термичка реакција и генерирање топлина. Сепак, потребни се повеќе истражувања за да се реализира оваа замисла.

Употребата на вселенски отпад преку термичка реакција може да го поддржи одржувањето и подобрувањето и на сончевите сателитски системи во вселената. Тестирањето на овој метод може да го отвори патот до сигурен извор на енергија за идните вселенски истражувања.

Извор: kurir.mk

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

Надал и Алкараз ќе настапат заедно на Олимпијадата во Париз

Следно

Курти: Војската на Косово никогаш не била поголема и повооружена од денес

Latest from Blog

Како да се од некоја друга планета: БРИЛИЈАНТНА Франција!(ВИДЕО)

ФОТО:facebook.com/equipedefrance/ Франција – Шведска 3:0. Уште едно блескаво, фантастично, брилијантно издание на „Триколорите“. Оваа Франција како да е од некоја друга планета.Оваа Франција е моќна, моќна. Вистински празник е за фановите да

Нетанјаху: Израел нема да се повлече од јужен Либан сè додека Хезболах е закана

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во понеделник ја посети либанската територија окупирана од израелската армија, велејќи им на војниците дека Израел нема да се повлече од југот на земјата сè додека Хезболах, групата

Новаковски: Со Изборниот законик се поигруваме со години, а препораките на ОБСЕ/ОДИХР стојат од 2008

Поранешниот претседател на Државната изборна комисија, Александар Новаковски, во гостувањето во „Топ Тема“ упати сериозни критики кон начинот на кој се менаџираат измените во изборното законодавство во Македонија. Според него, државата веќе

Нов скандал во Италија: Бастони под истрага поради детска проституција

ФОТО:facebook.com/Inter Нов голем скандал го тресе италијанскиот фудбал, а фокусот е на ѕвездата на Интер, Алесандро Бастони, кој е под истрага за детска проституција. Веста ја објави најугледниот италијански весник „Газета дело

Тежок пораз за Трамп

Трамп ја потпиша оваа наредба на првиот ден од неговото враќање на функцијата во јануари минатата година, кога започна нова кампања против нелегалната имиграција. Целта на наредбата беше да се одземе американското
Go toTop