Мерните станици во Охрид особено навечер покажуваат енормна загаденост

December 24, 2024
1 min read

Воздухот во Охрид урива рекорди по загаденост особено во вечерните часови. Екологистите се се позагрижени, од година во година аерозагадувањето е се поголемо.

Велат се започна пред неколку години со изградба на висококатниците а  продолжува понатаму со континуираната урбанизација. Друг проблем е што се уште голем број домаќинства се греат на дрва а зголемен е бројот  и на автомобили.Дополнително ситуацијата ја влошува и чадот од депонија Буково кој се симнува до градот. Има денови кога во Охрид буквално тешко се дише.

Многу често мерните станици регистрираат огромни концентрации на пм 10 честичките, дури 300 микрограми на метар кубен.Најпогодени хронично болните, постарите и децата.

 

Од општина Охрид велат изработен е план за подобрување на воздух кој предвидува повеќе мерки и тоа субвенционирање на клима уреди, воведување на денови без автомобили, стратегија за озеленување на јавните простори, како и набавка на електрични велсоипеди и возила.Но многу е важно сетоа ова од хартија да се пренесе и во пракса коментираат граѓаните.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Туркије планира обнова и модернизација на аеродромите во Дамаск и Алепо

Следно

Соработка на Министерството за енергетика и ФЕИТ

Latest from Blog

Беким Сали на отворањето на 4-та Балканска школа за педијатрија: Зајакнување на здравствените капацитети за децата

Во присуство на бројни здравствени експерти од регионот, денеска официјално започна 4-тата Балканска школа за педијатрија, значаен настан кој ги обединува педијатрите од различни земји со цел унапредување на знаењето и размената

Коњановски: Поголема поддршка за одвикнување од пушење во Битола

Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, денеска имаше поздравно обраќање на работилницата посветена на зајакнување на активностите за контрола на тутунот и унапредување на услугите за одвикнување од пушење на локално ниво. Настанот

Ајвар, ќебапи и криптовалути во центарот на Скопјe: Binance носи мешавина од традиција и иновација

(Скопје, 25 март) – Binance, водечката светска берза за криптовалути по обем на тргување и корисници, ќе одржи уникатен настан „Камион со ќебапи“ во Скопјe, Македонија. Од 10:00 часот наутро до 16:00
Go toTop