Меркур, татковина на дијамантите

August 2, 2024
1 min read

Студија на истражувачи од Лиеж, Белгија, сугерира дека површината на Меркур крие слој од 18 километри дијаманти.

Тие најверојатно се настанати со самото создавање на Меркур како планета, пред околу 4,5 милијарди години за што постоеле идеални услови – висок притисок и висока температура. Се претпоставува дека младата планета во тоа време имала кора од графит, која лебдела над длабок океан со магма.

Тие ги рекреирале условите со помош на тн Анвилова преса: вметнале синтетичка мешавина од елементи – силициум, титаниум, магнезиум и алуминиум – во графитна капсула, имитирајќи го теоретизираниот состав на внатрешноста на Меркур во неговите рани денови а потоа ја подложиле капсулата на притисок речиси 70.000 пати поголем од оној на површината на Земјата и температури до 2.000 степени Целзиусови. Добиле дијамант.

После Земјата, Меркур е втората најгуста планета во Сончевиот систем. Големо метално јадро зафаќа 85% од радиусот на Меркур која останува најмалку истражената копнена планета во системот. Последната мисија на Меркур, МЕСЕНЏЕРОТ на НАСА, орбитираше околу планетата помеѓу март 2011 и април 2015 година, собираше податоци за геологијата, хемијата и магнетните полиња, пред леталото да остане без гориво и да удри на површината.

Луѓето и натаму немаат ниеден примерок од самата планета.

 

ИЗВОР: off.net.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Фидан за размената на затвореници: Туркије ќе продолжи да биде центар на мирната дипломатија

Следно

„Убиството на Ханије потврди дека приоритет на Нетанјаху не е размената на затвореници“, објави весникот Хаарец

Latest from Blog

„И екологија и рударство“: ЕУ поддржува нови проекти, Иловица со фонд од 30 милиони евра за рекултивација

Европскиот пристап кон критичните минерали покажува дека развојот на рударството и заштитата на природата не мора да бидат спротивставени цели. Доказ за зголемениот интерес е вториот повик на Европската Унија за финансиска

БРИСЕЛ ПОДГОТВУВА НОВ УДАР ВРЗ МОСКВА: ЕУ со најобемни санкции за Русија досега

Европската Унија подготвува нов, најобемен пакет санкции против Русија од почетокот на војната во Украина, кој се очекува да биде претставен оваа есен. Шефицата за надворешна политика на ЕУ, Каја Калас, најави

Проданоски: 20 години пријателство меѓу Прилеп и Тополчани, продолжуваме со нови проекти

Градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски, престојува во Тополчани, Словачка, по повод традиционалните „Денови на Тополчани“ и одбележувањето на 20-годишнината од соработката и збратимувањето меѓу Прилеп и Тополчани. Проданоски, кој е во
Go toTop