Менхетен губи по 12 милијарди долари годишно затоа што луѓе работат од дома

February 14, 2023
1 min read

Пировата победа работодавците деновиве ја објави Блумберг чија анализа на американските канцеларии покажала дека „во петок канцелариите се мртви, а понеделниците не се ни најмалку сигурни.“

„А враќањето на работниот распоред од пред пандемијата изгледа како изгубена кауза,“ сметаат од Блумберг.

Нивната пресметка е дека ова најмногу удрило во Њујорк, бидејќи работниците од Менхетен имаат 30% помалку работни денови во канцеларија заради што трошат барем 12,4 милијарди долари помалку од вообичаено. Бројката е добиена со множење на просечната потрошувачка по вработен со бројот на дневни патници и резиденти кои работеле во Менхетен во 2019.

„Ова значи дека просечниот работник троши 4.661 долари помалку за храна, шопинг и забава во близина на своите канцеларии во Њујорк. За споредба во Сан Франциско минусот е 3.040 долари, а во Чикаго 2.387 долари,“ пишува Блумберг.

Ваквата новостекната навика е на штета на тамошните „ресторани, продавници и други бизниси кои го хранат економскиот мотор на Њујорк“, плус јавниот превоз и приходите од даноци што ги очекува државата. Посебно голема штета трпи локалниот пазар на недвижности кој е еден од најголемите во Америка.

„Ако се плаќа помалку данок на приход во Њујорк, тогаш станува тешко да се пресмета како ќе се најдат доволно средства за одржување на метро системот или инвестирање во школи, безбедноста на градот или негово чистење и слични работи што се важни,“ објаснува човекот задолжен за градските финансии на Њујорк, Бред Ландер.

Бројките од компанијата за изнајмување луксузни возила, ХајКју корпорејт мобилити, покажуваат дека банкари, адвокати и општо високи менаџери исто така го имаат адаптирано својот распоред со фокус на вторник, среда и четврток. Според податоци извадени од 400.000 возења во последните 3 години, од јуни до декември 2022 бројот на возења во понеделниците и петоците достигнал околу 33 и 38 проценти од пред пандемиските нивоа. Во четвртоците има скок од 43%.

Затоа па ќарот од ова го гледаат населбите во кои живеат сите овие вработени што понеделник и петок работат од дома, па таму има раст на прометот во локалните кафулиња, бутки и продавници. Пример, бројот на трансакции во рестораните во Бруклин пораснал за 48% во споредба со 2019.

Просечната потрошувачка на шопинг во понеделниците во октомври пораснала за 28% во Бронкс, 21% во Квинс и 18% во Бруклин, додека во Менхетен едвај стига до 2% раст во споредба со истиот период 2019.

Заради намалениот број на луѓе што патуваат во Менхетен, тамошниот јавен превоз до јануари успева да се врати на само 64% од тоа што беше пред пандемијата, што се очекува дека до 2026 да се одрази со минус во приходи од 2 милијарди долари годишно. Заради ова се планира и гасење на седум линии во понеделник и петок.

Вон сите пресметки и ексели, проблемите со минусот луѓе за Блумберг ги потврдуваат и уличните продавачи според кои во понеделник и петок жив човек нема на улица.

ИЗВОР: off.net.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

Граѓаните се жалат: Нападнати 11 жени и обиени 70 станови во Карпош (Фото)

Следно

(ВИДЕО) Ново издание на 360°: Земјотресот во Турција и легализираните дивоградби во Македонија

Latest from Blog

Комерцијална, Алкалоид и Стопанска банка со најголем дневен промет

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Петочната сесија на Македонската берза беше обележана со значително зголемена активност, со вкупен промет од 58,9 милиони денари,

Трагедија кај Луштица: Девојка од Србија се удави додека се фотографирала

Во четвртокот попладне, во морето кај Луштица, екипи на рониоци и припадници на поморската единица неуспешно се обидуваа да го пронајдат и извадат телото на млада девојка од Србија. Девојката од Врњачка

Астероидот Рјугу содржел повеќе вода отколку што научниците сметаа дека е можно

Примероците собрани од астероидот Рјугу укажуваат дека тој во далечното минато содржел вода во многу поголеми количини, отколку што досега, научно, се сметаше дека е можно, што покажува дека слични вселенски тела

Филипче СЕ ИЗРЕЗИЛИ, Мицкоски професорски го поучи дека тој не е оној кој „ДОЗВОЛУВА“ декласификација на документи

По кој знае кој пат, продолжувајќи го лажниот и веќе патетичен наратив на СДСМ, нивниот прв човек Венко Филипче, очигледно збунет мислејќи дека ова е времето кога неговиот ментор Заев „палеше и
Go toTop