„Меморија“ низ музички времеплов во МКЦ: Прес, изложба на фотографии (1983-2025) и „Аll stars“ концерт

December 18, 2025
1 min read

Легендарната македонска поп-рок група „Меморија“ по досега најголемиот македонски концертен спектакл во арената „Борис Трајковски“ минатата година, реши со двојно изненадување да ги почести своите најверни фанови пред да ја заокружи 2025 година.

Имено, по веќе најавениот концерт на 25 декември во 20 часот во МКЦ – Скопје, местото каде што во далечната 1984 година се’ започна, „Меморија“ со гордост ја најавува и својата Изложба на фотографии ( 1983-2025), која претставува визуелно патување низ повеќе од четири децении музичка историја.

На изложбата ќе бидат претставени фотографии од сите членови на бендот, моменти од нивните концерти, настапи, проби и незаборавни сцени од нивниот творечки пат – од далечната 1983 година, па сè до денес. Секоја фотографија носи своја приказна, емоција и сведоштво за времето во кое настанала, за публиката, сцената и духот што го одбележуваше и сè уште го одбележува бендот.

Изложбената поставка е посвета на музиката, пријателството, истрајноста и љубовта кон сцената, но и благодарност до сите генерации публика кои беа и се дел од ова патување.

Изложбата ќе биде свечено отворена на 22-ри декември, понеделник во 12.30 часот во МКЦ, веднаш по ПРЕСС конференција на групата на која ќе бидат обелоденети сите детали и поединости за истата како и за претстојниот концерт закажан неколку дена подоцна, во четврток, на 25.декември во 20 часот.

На ПРЕСС-от и отворањето на изложбата ќе присуствуваат членовите од различни постави на бендот во различни периоди на постоењето на „Меморија“, кои ќе ротираат и на сцената во МКЦ на претстојниот „Аll stars“ концерт на кој е замислен како еден вид музички времеплов преку кој „Меморија“ ќе ја прошета публиката низ годините, својот репертоар на најпознати хитови, но и некои од првите и никогаш досега концертно неизведени песни.

Настан кој ќе го изведат членови на групата кои низ годините биле дел од Меморија, создавајќи ретко и автентично доживување низ времеплов од четири децении музичко творештво, кое остава трага во македонската рок историја.. Вистинско музичко патување во вечер исполнета со емоции, носталгија и моќен рок звук што не старее, со повик и покана:

„Се гледаме во МКЦ – низ концертна магија да создадеме нови спомени со музиката на Меморија!“

Фото: Архива/група Меморија

Извор: vecer.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Нова теорија: Вулканска ерупција предизвикала домино-ефект и ја донела чумата од 14 век во Европа

Следно

Комерцијална банка, Алкалоид и Македонски Телеком најтргувани на денот

Latest from Blog

Меџити: Со три компании од Боговиње разговаравме за условите за нови инвестиции

Копретседателот на ВЛЕН и градоначалник на Општина Чаир, Изет Меџити, посети три компании во Општина Боговиње, каде што со нивните раководства разговараше за предизвиците во производството и за условите што им се

556 пензионери без картички подигнаа средства од „Алта банка“ во Битола

Вкупно 556 пензионери со платежни сметки во „АЛТА банка“ АД Битола, кои немаат платежни картички, подигнале средства на шалтерите во битолската филијала на 5 ноември, соопшти Народната банка. Првично биле планирани околу

Тоневски: Пробиштип усвои Акциски план за млади со конкретни активности за 2027/2028 година

Пробиштип беше домаќин на Национален младински дијалог, на кој учествуваа млади од Пробиштип, Берово, Пехчево, Виница, Зрновци и Кавадарци, како и младински работници. На настанот присуствуваше и градоначалникот на Општина Пробиштип, Тони

Проданоски: Искуствата од другите земји можат да ни помогнат да ги подобриме социјалните услуги

Како да се подобрат здравствените и социјалните услуги на локално ниво е главната тема на меѓународната конференција „Health and Social Services – Challenges and Opportunities“, која се одржува во Прилеп. Настанот го

Коњановски: Ги усогласуваме активностите на службите пред зимската сезона

Општина Битола одржа работен состанок со претставниците на зимската служба за да ги усогласи активностите на надлежните претпријатија и институции пред почетокот на сезоната 2026/2027. На состанокот присуствуваа градоначалникот Тони Коњановски и
Go toTop