Меланија Трамп претседаваше со СБ на ОН: Изградете идна генерација лидери кои ќе го прифатат мирот преку образование

March 3, 2026
1 min read

Белата куќа соопшти дека состанокот на најмоќното тело на ОН се фокусираше на децата, технологијата и образованието во конфликтни ситуации.

САД од завчера го презедоа едномесечното ротирачко претседателство со најважното тело на ОН, што вклучува претседавање со состаноците. Амбасадорите во ОН или владини претставници вообичаено ги водат состаноците на 15-членото тело.

Меланија Трамп во своите воведни зборови на седницата на СБ на ОН им изрази сочувство на „семејствата кои ги загубија своите херои, кои ги жртвуваа своите животи за слободата“, пренесе германската агенција.

„САД се со сите деца низ целиот свет. Се надевам дека наскоро мирот ќе биде ваш“, рече таа.

Првата дама рече дека образованието е од суштинско значење за спречување на конфликти.

„Трајниот мир ќе се постигне кога знаењето и разбирањето ќе бидат целосно вреднувани во сите општества. Вредноста што ја даваат на образованието лидерите на една нација го обликува јадрото на системот на верувања на нивната земја“, рече таа.

„Нација што го прави учењето свето ги штити своите книги, својот јазик, својата наука и својата математика – ја штити својата иднина. Ова води кон нешто моќно – кон поголемо разбирање, морално расудување – и толеранција кон другите. Мир“, додаде првата дама на САД.

Меланија Трамп ги повика членките да го заштитат учењето и да го промовираат пристапот до образование за сите.

„Ве молам да изградете идна генерација лидери кои ќе го прифатат мирот преку образование.“

Таа не ја спомена американско-израелската офанзива што започна во саботата против Иран.

Нејзиното појавување се случи во услови на затегнати односи меѓу администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп и Обединетите нации.

Податоците на ОН сугерираат дека САД ѝ должат на организацијата милијарди долари.

Американскиот претседател постојано ги критикуваше ОН како „неефикасни“, ги повлече САД од неколку институции на ОН и меѓународни договори, а неодамна ги претстави и своите иницијативи како што е Одборот за мир – што критичарите го сметаат за обид на претседателот да создаде ривал на ОН, потсети ДПА.

Извор: vecer.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Сообраќајот тековно, застои нема

Следно

Нов повик за компании: Ваучери до 28.000 денари за инвертер клими за ранливи категории

Latest from Blog

Во ОАЕ уапсени 45 лица поради ширење лажни информации за конфликтот на Блискиот Исток

Помеѓу уапсени има и странски државјани. Уапсените се товарат за „снимање на разни локации за време на тековните настани и нивно објавување на социјалните мрежи“. Тие се осомничени и за „ширење неточни

Муцунски: Благодарение на брзата комуникација со нашите партнери, активирањето на Европскиот механизам за цивилна заштита и подготвеноста на многу држави да помогнат, нашите пациенти добија медицинска грижа во болници ширум Европа

Во деновите кога одбележуваме една година од трагичниот пожар во Кочани, утрово се обратив на отворањето на меѓународната конференција во Скопје посветена на клиничките аспекти по пожарот. Истакнав дека трагедијата нè потсети

Денот на пожарот во Кочани беше најтежок ден во мојот живот како човек, не само како премиер, кажа Мицкоски на одбележувањето на годишнината од трагедијата

Премиерот денеска во Skopje ја отвори меѓународната конференција посветена на институционалните и клиничките решенија по пожарот во Kochani, со која се одбележува една година од трагедијата. Тој истакна дека овој настан оставил

Лапорта: Не предаде „ќељавиот“, ни заби нож во грб

Претседателот на Барселона, Жоан Лапорта, благо кажано, е разочаран од заминувањето на еден од талентите од „Ла Масија“, Дро Фернандес. Дро помина низ фудбалската школа на Каталонците, играше за „Б“ тимот, дебитираше
Go toTop