Мексико: Спасена група туристи кои претходно биле киднапирани од вооружени банди

April 8, 2023
1 min read

БОГОТА (АА) – Мексиканските безбедносни сили ја ослободија туристичката група што беше киднапирана од криминални групи во таа земја на 4 април, известува Анадолу.

Локалните медиуми известуваат дека безбедносните сили ги пронајдоа киднапираните лица во сојузната држава Сан Луис Потоси и изведоа опсежна акција за ослободување, користејќи и хеликоптери.

Гувернерот на Гуанахуато, Диего Синуе Родригес, соопшти дека 35-те киднапирани лица се спасени.

Во соопштението на Министерството за јавна безбедност се наведува дека спасените лица се во добра здравствена состојба.

Безбедносните сили ја пронајдоа киднапираната група во пет камиони на криминалната група, а членовите на бандата избегале од подрачјето непосредно пред изведување на акцијата.

Групата туристи, што вклучуваше и имигранти, беа киднапирани од вооружени банди додека патувале со два минибуси во градот Сан Фелипе Торес во сојузната мексиканска држава Гуанахуато.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS)..

Извор: www.aa.com.tr

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Ако претседателските и парламентарните избори догодина се редовни, не може да се одржат заедно

Следно

Куновска контра иницијативата на Герасимовски за дивоградбите: Простете, но ова е опасна игра!

Latest from Blog

Ментално силните луѓе избираат каде да ја насочат својата енергија И ТОКМУ ЗАТОА ЖИВЕАТ ПОМИРНО, ПОСРЕЌНО И ПОСЛОБОДНО

Во секојдневната трка помеѓу работата, одговорностите, семејните улоги и постојаниот проток на информации, многу луѓе се наоѓаат себеси како талкаат таму каде што не треба – во имагинарни сценарија, претерано анализирајќи ги

ЏАМБО отвора нов современ маркет во Гевгелија на 13 декември

Европскиот реномиран бренд ЏАМБО (JUMBO) продолжува со успешна реализација на својата долгорочна стратегија за интензивен развој и пошироко позиционирање на македонскиот пазар. Оваа сабота, 13 декември 2025 година, компанијата пишува ново поглавје

Руте: Ние сме следната цел на Русија

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, денес во Берлин изјави дека членките на Алијансата се следната цел на Русија. Тој на прес-конференцијата рече дека НАТО мора да вложи максимални напори за да
Go toTop