Мексико: 29 лица загинаа во автобуска несреќа

July 6, 2023
1 min read

МЕКСИКО СИТИ (АА) – Во сообраќајна несреќа во јужниот дел на Мексико, до која дојде откако автобус излетал во амбис, животот го загубија 29 лица, пренесува Анадолу.

Несреќата се случила во близина на градот Магдалена Пенаско во државата Оахака, во средата наутро, кога возачот на туристичкиот автобус ја загубил контролата над возилото и излетал во амбис.

Според извештаите на локалните медиуми, животот го загубиле 15 жени, 13 мажи и едногодишно дете. Несреќата ја преживеале 19 лица, од нив петмина малолетници. Повредените се пренесени во околните болници и сите преживеани се во критична животна состојба.

Директорот на полицијата на државата Оахака, Торибио Лопез Санчез, изјави дека до несреќата дошло поради грешка на возачот.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS)..

Извор: www.aa.com.tr

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ФК Вардар собра над 500.000 денари од продажбата за членски карти

Следно

Зеленски во посета на Бугарија, ќе се сретне со премиерот Денков и претседателот Радев

Latest from Blog

ФИФА се огласи за љубовницата на Инфантино: “Никој не се пожалил на претседателот!“

фото: El Comentario (X) Откако се појави уште еден скандал во ФИФА и се појави информација дека кровната куќа на светскиот фудбал ѝ платила на љубовницата на претседателот на организацијата, Џани Инфантино,

Хаос кај Оман: Непознат проектил погоди брод

Според „UKMTO“, кој се повикува на доверлив извор, бродот бил погоден од непознат проектил, по што избувнал пожар. Пожарот е изгаснат, а бродот и сите членови на екипажот се безбедни, се вели
Go toTop