Мехо Кодро нов селектор на БиХ

August 3, 2023
1 min read

Извршниот одбор на Фудбалската федерација на Босна и Херцеговина денеска едногласно го назначи 56-годишниот Мехо Кодро за нов селектор на националниот тим, а главна цел ќе му биде да се обиде да избори пласман на ЕУРО2024.

Кодро на селекторската должност доаѓа на местото на Фарук Хаџибегиќ, кој беше принуден да поднесе оставка откако репрезентацијата на БиХ со само една победа во досегашниот тек од евроквалификациите е на дното во својата група.

Кодро веќе еднаш беше селектор на БиХ и тоа во 2008 година, но тогаш остана на должноста помалку од четири месеци поради несогласување со раководството на Федерацијата и односот кон дел од репрезентативците.

Својата кариера како фудбалер ја почна во мостарски Вележ во 1985 година, а ја заврши во израелски Макаби во 2002. За репрезентацијата на БиХ одигра 13 натпревари на кои постигна три голови.

ИЗВОР: kurir.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Шкупи казнет со 42.000 евра, клубот одговорноста ја впери кон дел од навивачите

Следно

Деветта генерација ученици во Академијата на ФФМ

Latest from Blog

Внатрешната контрола на МВР расчисти случај во Прилеп со пајак возило

По денешната објава на социјалните мрежи за наводно непрофесионално постапување од страна на полициски службеници во Прилеп во врска со констатиран сообраќаен прекршок, Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди

„Марш за ангелите“ во Кочани: Родителите на 62-те жртви од ноќниот клуб „Пулс“ повторно чекорат против тишината на институциите

Речиси четири месеци по најсмртоносниот пожар во историјата на земјата, Кочани вечерва ќе ги пречека родителите и блиските на загинатите на дванаесеттото протестно движење, симболично наречено „Марш за ангелите“. Маршот, организиран од

Зголемена фреквенција на возила на ГП „Табановце“, за влез и излез од државата се чека околу 40 минути

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, а интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. Поради зголемена фреквенција на возила на ГП Табановце времето
Go toTop