Меѓусебни обвинувања за инцидентите – Вреди и ВМРО-ДПМНЕ го посочија ДУИ, оттаму велат дека се креира вештачки виновник

December 1, 2024
1 min read

ДУИ го искористи Денот на знамето за поларизација и дестабилизација, обвини коалицијата „Вреди“. Според претставниците на власта, овој обид на ДУИ бил спречен поради, како што додаваат, ефикасноста на Владата и 17 лица се уапсени. Од „Вреди“ повикаа да се намалат тензиите и кажаа дека дел од уапсените се фотографирани со функционери на ДУИ.

„Сите инволвирани во инцидентите на празничната ноќ ќе ја добијат заслужената казна без разлика. Со ова темпо ќе ги демаскираме плановите на поранешната власт за дестабилизација на државата. Тоа што беше дестабилизиран таканаречениот „Европски Фронт“ не значи дека треба да се дестабилизира државата.“, вели Арбен Фетаи.

За ДУИ овие обвинувања се лажни. Според нив, има обид ДУИ да се поврзе со инцидентите за да се покријат неуспесите и дискриминаторските политики на Владата. Од партијата додаваат дека ќе преземат правни мерки за одговорност на сите инволвирани во ширењето на, како што истакнаа, дезинформациите.

„Ги повикуваме антиалбанската влада и институциите веднаш да престанат со оваа опасна реторика и да се посветат на праведно, непристрасно и професионално справување со настаните. Наместо да креираат вештачки виновници, нека се фокусираат на истрагата за сите учесници во инцидентите, без разлика на нивната етничка припадност или политичка позадина.“, велат од ДУИ.

Од друга страна, социјалдемократите повторно повикаа на итно одржување на лидерска средба со сите парламентарни партии. Според СДСМ, само на овој начин може да се испрати јасна порака дека Македонија е и ќе остане држава на мирот и соживотот. Од ВМРО-ДПМНЕ пак, соопштија дека сценариото на СДСМ и ДУИ за креирање вештачка криза и дестабилизација е навремено откриено и разбиено. Од владејачката партија додаваат дека опозицијата се обидува да дефокусира поради страв од соочување со правдата.

ИЗВОР: ТВ 21

MARKETING

MARKETING

Претходно

Ден на македонскиот јазик и изложбата „Македонска глаголица“ на Трпков во Букурешт

Следно

Утре ќе се знае цената на струјата од 1 јануари?!

Latest from Blog

Пожарот од струмичка страна е локализиран и нема повеќе опасност за куќите во Баница

Пожарот во струмичко е ставен под целосна контрола, нема опасност по населени места ниту по околните викендици, соопшти вечерва Директорот на центарот за управување со кризи Стојанче Ангелов. Градоначалникот на Струмица, Костадин

Ердоган учествуваше на онлајн состанок на европските лидери за Украина и одбраната

ИСТАНБУЛ (АА) – Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска учествуваше на онлајн​​​​​​​ состанок на европските лидери, јавува Анадолу. Ердоган на состанокот учествуваше од палатата „Долмабахче“ во Истанбул, придружуван од турскиот министер за

Лондонскиот аеродром Хитроу обнови некои летови по прекинот на електричната енергија

ЛОНДОН (АА) – Лондонскиот аеродром Хитроу соопшти дека ќе продолжи со некои летови во текот на денот по престанокот поради прекинот на електричната енергија, известува Анадолу. Портпаролот на Хитроу се извини за

Удрено 12-годишно девојче на „Партизанска“ – возачот уапсен

Денеска (21.03.2025) полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода Х.Х.(39) од с.Крушопек, скопско, затоа што околу 14.30 часот на бул. “Партизански одреди” во Скопје, наспроти пазарот Ѓорче Петров, управувајќи патничко

Марш во Прилеп: Мртвите најгласно молчат

Вечерва во Прилеп повторно се одржа мирен солидарен марш за жртвите од трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани. Младите со транспаренти маршираа изразувајќи солидарност и поддршка за жртвите и повредените од
Go toTop