Медиуми: Трамп планира депортација на 240.000 Украинци

March 6, 2025
1 min read

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп планира да го укине привремениот правен статус на 240.000 Украинци кои избегаа во САД по руската инвазија, пренесуваат американските медиуми, повикувајќи се на високи функционери и извори запознаени со планот.

Одлуката, која треба официјално да биде објавена во април, е дел од пошироката стратегија на Трамп за укинување на привремените хуманитарни програми од времето на претседателот Џо Бајден. Според истите извори, на удар ќе бидат и 530.000 мигранти од Куба, Хаити, Никарагва и Венецуела, кои исто така може да бидат депортирани по забрзана постапка.

Американската имиграциска и царинска служба веќе испрати интерно известување во кое се наведува дека мигрантите кои влегле во земјата преку овие хуманитарни програми немаат заштита од депортација.

Покрај Украинците, потенцијално погодени се и 70.000 Авганистанци кои пристигнаа во САД по повлекувањето на американските трупи од Авганистан, како и уште околу еден милион мигранти кои добиле дозвола за привремен влез преку разни програми за обединување на семејства.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Турскиот производител на дронови „Бајкар“ и италијанскиот одбранбен гигант „Леонардо“ потпишаа договор за соработка

Следно

УЈП: Не е точно дека над 80.000 вработени не зеле јануарска плата за 2025

Latest from Blog

Средношколците влегуваат во светот на бизнисот: започна „Бизнис предизвик за средношколци 2026“ со парична награда за старт-ап бизнис

Со учениците од СУГС „Никола Карев“ Скопје денеска започна националниот проект и хакатон-серијал „Бизнис предизвик за средношколци 2026“ образовна иницијатива што ги поврзува средните училишта со реалниот бизнис-сектор и им овозможува уште во

Почнува проектот Forest Fire Struga, финансиран во рамки на Механизмот за цивилна заштита на Европската Унија

Почетен настан од проектот Forest Fire Struga (FFS) ќе биде организиран денеска во Скопје, соопшти Дирекцијата за заштита и спасување која е координатор на проектот. -Проектот Forest Fire Struga (FFS) е финансиран
Go toTop