Медицинска сестра доби доживотна затворска казна за убиство на седум бебиња на неонатално одделение во Велика Британија

August 21, 2023
1 min read

ЛОНДОН (АА) – Медицинската сестра Луси Летби е осудена на доживотна затворска казна за убиство на седум бебиња во неонаталното одделение во болницата „Каунтес оф Честер“ во Велика Британија, пренесува Анадолу.

Изрекувајќи ја пресудата за Летби, судијата Гос рече дека „влијанието на злосторството на Лети е огромно“ и предизвика „доживотна штета“.

„Во вашите постапки имаше длабока злонамерност што се граничи со садизам“, додаде Гос.

„За време на ова судење ладнокрвно негиравте каква било одговорност за вашето погрешно постапување и се обидувавте да им припишете некоја грешка на другите. Нема каење. Нема олеснителни фактори“, рече Гос.

Таа добива доживотна казна, што значи дека остатокот од животот ќе го помине в затвор.

Британскиот премиер Риши Сунак рече дека е „кукавички што луѓето што вршат такви ужасни злосторства не се соочуваат со своите жртви“.

По серијата делумни пресуди во текот на неколку дена, Летби во петокот беше осудена за убиство на седум бебиња и обид за убиство на шест други бебиња.

По двегодишна истрага полицијата во Чешир ја приведе 33-годишната медицинска сестра во јули 2018 година во нејзиниот дом и првично ја ослободи со кауција. Таа беше приведена уште трипати во следните години пред да биде обвинета во ноември 2020 година.

Истрагите започнаа кога се зголемил бројот на колапси, кои скоро биле фатални, и необјасниво починале предвреме родени бебиња во болницата во која работела како медицинска сестра од јуни 2015 до јуни 2016 година.

Полицискиот извештај покажа дека Летби им инјектирала воздух и вишок млеко на бебињата и ги отрула со инсулин.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). .

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

На Твитер веќе нема да има „ме блокнал“

Следно

Динамо го отпушти Бишчан, Ристовски ќе добие нов тренер

Latest from Blog

Венс за преговорите со Иран во Швајцарија: Oчекувам дополнителен напредок во наредните часови

Во екот на повторна ескалација на судирите меѓу Либан и Израел, што доведе до нови ирански закани за спуштање на „рампата“ на Ормускиот теснец – во малиот швајцарски рај – Бургеншток кај

Коњановски: „Car Show – Битола 2026“ со рекордна посетеност и богата програма

Исклучителна чест ми беше да го посетам „Car Show – Битола 2026“, настан кој годинава повторно потврди дека Битола може да организира манифестации со меѓународен карактер и високо ниво на организација, истакна

Почна одбројувањето за владините фотелји – кој ќе преживее до први јули?

Од „Илинденска“ потврдуваат дека Мицкоски останува на позицијата внимателно да ги следи состојбите во институциите и реконструкцијата е резултат на неговото незадоволство од функционери што се оддалечуваат од принципите врз кои е

Иран: Мировниот договор со САД зависи од завршувањето на војната во Либан (ВИДЕО)

Иран повторува дека не сака нуклеарно оружје. Спроведувањето на американско-иранскиот мировен договор не е можно ако војната во Либан не заврши, изјави Сејед Мехди Табатабаи, заменик за комуникации и информации во Кабинетот
Go toTop