Меџити: Новите засилувања во ВЛЕН се гаранција за успешен Чаир

September 21, 2025
1 min read

Првиот вицепремиер и кандидат на владејачката коалиција ВЛЕН за градоначалник на Општина Чаир, Изет Меџити, оствари средба со г-ѓа Филиз Ндоци, магистер по Политички науки и Дипломатија, заедно со група храбри жени кои решија да се приклучат на ВЛЕН.

Меџити нагласи дека жените во политиката често остануваат невидливи и нивната улога не се вреднува доволно, иако нивниот придонес е клучен за развојот на општеството.

Тој истакна дека кога жените добиваат простор и внимание, секоја одлука се менува, носејќи нови перспективи, чувствителност кон реалните проблеми и решителност да се надминат.

„Политиката без жени е непотполна. За да изградиме силна и праведна заедница, потребни се гласови како овие жени, присутни и одлучни. Зашто кога жените се вклучени, промената станува реална и одржлива,“ изјави Меџити.

Оваа средба, според него, е доказ дека ВЛЕН гради инклузивна политика, каде жените не се само учесници, туку клучни фактори на промените во Чаир и пошироко.

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Гувернерката на НБС: Олеснувањата за отплата на кредити ќе опфатат 60 проценти од вработените и речиси сите пензионери

Следно

Пратеничка во градоначалничка трка: Со Стаменкоска Трајкоска за Кисела Вода, Орце, проектите и противниците

Latest from Blog

Трамп го прашал Си дали сака да купи американско оружје

Гостувајќи во емисијата „Fox News Sunday“, Пердју потврди дека Трамп ја покренал можноста за продажба на американско оружје на својот сè помоќен геополитички ривал. Таквата неочекувана продажба, доколку се реализира, би претставувала

На трибините и на теренот се чудеа, но судијата за овие фаули досуди четири пенали на Македонија У21 – Русија У21 (Видео)

Македонската фудбалска репрезентација до 21 година загуби со 2:3 од врсниците од Русија во пријателски меч кој се играше во Скопје. Дуелот ќе се памти по четирите пенали кои беа досудени, по
Go toTop