Меџити: На какво дереџе паднавме, ЕУ интеграциите да зависат од бегалецот Никола Груевски

September 26, 2023
1 min read

реклама



Лидерот на Демократско Движење, Изет Меџити вчера во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 истакна дека земјата паднала на дереџе да нејзиниот пат кон Европската Унија зависи од екс премиерот и бегалец Никола Груевски.

„За жал сме дојдени во ситуација, судбината на евроинтеграциите да биде во раце на Будимпешта, на Унгарија, на Груевски. Токму за тоа во минатото, поради неинтеграција, поради немање на соработка со меѓународниот фактор, бидејќи интересите на граѓаните не беа во прв ред, дојде до тоа тој да избега од судството и сега да е во бегство. Индикативно е, ако има црна дамка во ЕУ, тоа е Унгарија, а ние баш со Унгарија сакаме Македонија да ја зачлениме во ЕУ.“, порача Меџити.

реклама

Тој вели дека има доволно аргументи за тоа, особено усвојувањето на Кривичниот законик, со кој ќе се избришат околу 70-80% од делата на Груевски и другите.

„Ова го донесе парламентарното мнозинство, и повеќе од јасно е дека ова е инвестиција на Никола Груевски за негово враќање. Тие што му помогнаа да избега, сега му помагаат да се врати, но да се врати како херој“, додава Меџити.

реклама



VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Саудиска Арабија го осуди смртоносниот напад на Хусите врз силите на Бахреин

Следно

Ретроспективна изложба на Миле Корубин во Чифте амам

Latest from Blog

Намален ДДВ, стабилни цени – Владата го ублажи ударот врз граѓаните

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини ја информира јавноста дека со одлукaта на Владата и постапувањето на надлежните институции, се потврди клучната цел – спречено е поскапување на горивата и постигната

Гризман продолжува во МЛС и ќе игра за Орландо

фото: rubén (X) Ветеранот Антоан Гризман, и дефинитивно се сели во САД. Некогашниот репрезентативец на Франција ќе ги искористи овие неколку слободни денови, и ќе замине преку Атлантикот за да го комплетира

Празнична посета: Коњановски на средба со муфтијата Расими во Битола

Градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, по повод празникот Рамазан Бајрам, денеска го посети Битолското муфтиство на покана на муфтијата Амит Расими, каде присуствуваше на традиционалната празнична баклава. Коњановски изрази благодарност за
Go toTop