Меџити: Младите на Чаир се силата на промената и гаранцијата на нашата иднина (ФОТО)

September 21, 2025
1 min read

Првиот вицепремиер и кандидат на владината коалиција ВЛЕН за градоначалник на Општина Чаир, Изет Меџити, денес оствари посебна средба со младите на општината, меѓу нив и новите гласачи кои оваа есен за првпат ќе ја изразат својата волја на избирачките кутии.

Меџити изјави дека е импресиониран од енергијата, идеите и визијата на новата генерација, потенцирајќи дека токму младите се силата што ќе го води Чаир кон посветла иднина.

„Ме радува безмерно фактот што Чаир има здрава, ентузијастичка и добро едуцирана младина, затоа што тоа е најдобриот доказ дека Чаир има иднина,“ истакна Меџити.

Тој потсети и на големите проекти што се реализираат за младите, како Универзитетот „Мајка Тереза“ со нов кампус од 40 милиони евра, модерниот спортски комплекс сличен на „Борис Трајковски“, новите општински базени, младинскиот центар со модерна библиотека и бројните спортски терени. Меџити најави и понатамошно оживување на Старата Чаршија, која ќе се претвори во атрактивен простор за креативност, култура и младинска рекреација.

„Цврсто верувам дека овие инвестиции ќе го направат Чаир место каде младите имаат реални можности да ги остварат своите соништа, да живеат онака како што сакаат и заслужуваат. Патот на иднината е патот на младите, тоа е патот што ВЛЕН,“ изјави Меџити.

Според Меџити, средбата со младите е доказ дека визијата на ВЛЕН за Чаир се потпира на новите сили, енергијата и страста на генерацијата што ќе изгради една модерна и европска општина.

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Во Србија со нов закон легализација на бесправно изградени објекти

Следно

Меџити: Младите се двигателот на промените во Чаир

Latest from Blog

Проданоски: Буџетот за 2027 година го креираме со предлозите на прилепчани

Општина Прилеп ги заврши средбите со сите урбани заедници во градот во рамките на консултациите за подготовка на Буџетот за 2027 година. Градоначалникот Дејан Проданоски најави дека процесот продолжува со средби со

Николоски: Од 1 јануари само Државната лотарија ќе може да организира онлајн игри на среќа

Владата го измени Законот за игри на среќа, со кој јасно се ограничува организирањето на игри на среќа. Само Државната Лотарија ќе може да организира игри на среќа, дополнително се воведе ограничување

Божиновска: По три децении зависност од еден гасен правец, Македонија работи на нови врски со соседите

Македонија три децении зависела од само еден правец за снабдување со природен гас, а новите поврзувања со соседите треба да ја намалат таа зависност, порача министерката за енергетика, рударство и минерални суровини,

Битола не ги заборава своите херои: Одбележана 82-годишнината од формирањето на Првата егејска македонска ударна бригада

Во Битола свечено беше одбележана 82-годишнината од формирањето на Првата егејска македонска ударна бригада, со положување свежо цвеќе, оддавање почит и пригодна културно-уметничка програма. Одбележувањето се одржа пред спомен-плочата кај Територијалната противпожарна

Божиновска: Гасните врски со Грција и Србија се приоритет за посигурно снабдување

Гасните интерконектори со Грција и Србија, Вертикалниот гасен коридор и повторното ставање во функција на продуктоводот Солун–Скопје се меѓу проектите со кои Македонија работи на посигурно снабдување со енергија. Ова го истакна
Go toTop