Меџити: Хасанбег се менува, се гради заштитниот канал од поплавите што одзедоа 23 животи

September 19, 2025
1 min read

Првиот заменик-претседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити, придружен од претседателот на Собранието, Африм Гаши и градоначалникот на Општина Гази Баба, Бобан Стефковски, денес ја посетија населбата Хасанбег, каде одблиску ги следеа градежните активности за изградба на каналот за атмосферски води кој поминува низ оваа населба.

Меџити за време на посетата изјави дека Хасанбег со години чекал реализација на овој проект, кој бил ветуван и преветуван од претходните влади, но никогаш не бил реализиран.

„Оваа населба скапо ја плати оставеноста во заборав на овој канал, плати со човечки животи за несериозноста на ДУИ и бројните нејзини функционери во однос на изградбата на овој проект. Поплавите во 2016 година однесоа 23 човечки животи и предизвикаа немерливи штети, а една од главните причини беше токму недостигот од соодветен канал“, рече Меџити.

Тој информираше дека заедно со претседателот на Собранието, Африм Гаши и градоначалникот на Гази Баба, Бобан Стефковски, внимателно ги следат градежните работи и динамиката на реализацијата на изградбата на овој животно важен канал за Хасанбег, кој, како што беше ветено – сега станува реалност.

„Со буџет од 38 милиони денари, 21 милион денари обезбедени од Министерството за животна средина, за првата фаза и 17 милиони од општина Гази Баба за втората фаза, го градиме овој канал со должина од 1350 метри и ширина до 10 метри, носејќи преку неговата изградба: безбедност, заштита и достоинство за жителите“, додаде Меџити.
Овој инвестициски проект, рече тој, е доказ дека кога работиме заедно – министерствата, односно Владата, општините и граѓаните, можеме да ставиме крај на доцнењата и празните ветувања. Хасанбег заслужува развој, безбедност и конкретни инвестиции.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Ристовски: Успехот на македонските ММА спортисти е успех на целата земја

Следно

НП „Пелистер“ инвестира во безбедност и модерни капацитети на Ловечка

Latest from Blog

Шефот на Меѓународната агенција за енергија предупредува дека глобалната економија е пред голема закана

– Ниту една земја нема да остане имуна на ефектите од оваа криза доколку ситуацијата продолжи да се движи во овој правец – рече Бирол во австралискиот град Канбера. Според него, кризата

Сиљановска-Давкова во посета црквата „Света Злата Мегленска“ во Загреб: Хрватско-македонските односи се инспирација за регионот

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, во рамки на официјалната посета на Хрватска, вечерва ја посети Македонската православна црква „Света Злата Мегленска“ во Загреб, каде што оствари средба со претставници на македонската заедница. Таа изрази

Вајц ја крена Софија на нозе со барањето да се разјасни вториот протокол

Амандманите за извештајот на Томас Вајц за Македонија во Европскиот парламент повторно запалија црвен аларм во Софија. Бугарската агенција БГНЕС објави подолга реакција во која оценува дека барањето Европскиот совет да каже
Go toTop