Меџити: Чаршијата ми дава сила да работам и со посветеност да му служам на Чаир (ФОТО)

September 21, 2025
1 min read

Првиот заменик премиер и кандидат на владината коалиција ВЛЕН за градоначалник на Општина Чаир, Изет Меџити, оваа недела ја помина во Старата чаршија, каде што се сретна со граѓани и културни личности.

Во еден мирен ден, кога пазарот одмараше, Меџити нагласи дека Чаршијата останува храм на духот на Чаир, место каде што уметноста, историјата и секојдневниот живот се спојуваат. Неговата најпосебно средба беше со професорот и познатиот сликар Имер Бајрами, кој со децении е жив симбол на Чаршијата преку своите слики што ги чуваат боите, светлината и духот на ова историско место.

“Чаршијата не е само место за трговија, туку центар каде што дише уметноста и нашето наследство. Благодарам на Чаршијата за секојдневната магија, благодарам за честа што ми ја дава да работам и да служам,“ изјави Меџити.

Со оваа посета, според кандидатот на ВЛЕН, беше пренесена пораката дека Чаир ќе продолжи да биде простор каде што се чува културниот идентитет, каде што уметноста се цени и каде што граѓаните се чувствуваат горди на своето наследство. Меџити исто така потенцираше дека неговата визија е Чаршијата да остане не само гордост на Скопје, туку и вечна инспирација за иднината на целиот Чаир.

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Со пресови ширеше паника за Пастармајлијада, а вечерта на концерт во ВИП делот на концертот на Дино Мерлин

Следно

Велика Британија, Канада и Австралија ја признаа Палестина како држава

Latest from Blog

Американците убиле 153 цивили за една година

Ова е значително зголемување од 2024 година, кога Пентагон процени дека двајца цивили биле убиени, а двајца повредени во американските воени операции, објави Ројтерс. Според извештајот на Пентагон до Конгресот, сите смртни

Статистика со одредена доза мистика

Податоците за стапката на невработеност во земјите од Г20 како повод за наша економска опсервација. Според најновата компаративна анализа на РИА Новости, Русија има најниска стапка на невработеност меѓу земјите од Г20

Неславен рекорд на Владимир Путин

Јули беше исто така четвртиот најефикасен месец за украинските сили во однос на загубите на руски персонал од почетокот на целосната руска инвазија. Генералштабот на Украина проценува дека вкупните загуби на руски
Go toTop