Маж во САД изврши самоубиство откако уби три жени и девојче

1 min read

МЕМФИС (АА) – Осомничен во Тенеси, САД изврши самоубиство ова утро додека бил во бегство откако наводно убил четири лица, а петтата потешко ја ранил во случај на семејно насилство во саботата вечер, соопшти американската полиција, известува Анадолу.

Полицијата го пронајдоа Мејвис Кришчан Џуниор (52) мртов во неговиот автомобил за време на потрагата спроведена по вооружените напади на три локации во Мемфис, САД, во кои животот го загубија три жени и една тинејџерка, а уште една тинејџерка е тешко ранета.

Службеници на полициската управа во Мемфис одговориле на пријавата за истрели од огнено оружје во 21:22 часот по локално време.

На лице место полицијата нашла жена со рана од огнено оружје која е прогласена за мртва.

Истражителите утврдиле дека се случиле уште две поврзани вооружени напади со смртен исход. Во Филд Ларк Драјв убиени се една жена и 13-годишно девојче, а 15-годишно девојче е потешко рането. Уште една жена е пронајдена мртва во улицата Варингтон роад, соопшти Кристофер Вилијамс, полицаец од Мемфис.

Полицијата верува дека Кристијан е одговорен за сите три напади и започна потрага по осомничениот во која биле вклучени локалните, државните и сојузните агенции за спроведување на законот, по која е пронајден мртов во неговото возило.

Се верува дека секој вооружен напад бил семејно насилство, соопшти полицијата.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). .

Претходно

Невреме одзеде два животи во Бугарија, прогласена вонредна состојба во Варна

Следно

Расчистени три тешки кражби во битолско, тројцата крадци ги признале делата, одземеното ќе биде вратено на сопствениците

Latest from Blog

КАРЛЕУША ОВА НЕ ГО ОБЈАВУВА НА ИНСТАГРАМ: Пејачката уловена од туристи на плажа во Дубаи, минијатурната танга не и заврши работа да покрие тоа што требаше (ФОТО)

Јелена изгледаше многу задоволно, а нејзиниот изглед предизвика воздишки кај многумина. Во бикини кое го открива