Маж во Мајами Бич пукал кон возило верувајќи дека патниците се Палестинци

February 17, 2025
1 min read

ВАШИНГТОН (АА) – Маж, кој според наводите испукал 17 куршуми кон возило во Мајами Бич, Флорида, во саботата вечерта, изјавил пред полицијата дека пукал затоа што верувал дека патниците во возилото биле Палестинци, според она што пишува во извештајот за приведувањето на кои се повикува „Си-би-си њуз“, пренесува Анадолу.

Мордехај Брафман (27) е уапсен и обвинет за две точки за обид за убиство.

Безбедносните камери го снимиле како прави полукружно свртување на 48. Улица околу 21:30 часот (2:30 часот по Гринич во неделата), застанува пред возилото на жртвите и испукува низа куршуми со полуавтоматски пиштол.

Во полициското испрашување, Брафман изјавил дека додека го возел својот камион, ги видел двајцата Палестинци и ги застрелал и убил, се вели во извештајот за неговото приведување.

Сепак, двете жртви преживеале – едниот добил прострелна рана во рамото, додека другиот бил погоден во подлактницата.

Истражителите засега не соопштуваат дали нападот ќе биде третиран како злосторство од омраза.

Меѓутоа, огранокот на Советот за американско-исламски односи во Флорида (CAIR-Florida) бара федерални обвиненија за злосторство од омраза во врска со инцидентот.

Во изјава, директорот за комуникации на КАИР-Флорида, Вилфредо Амр Руиз, изјави дека мора да бидат подигнати обвиненија за злосторство од омраза, врз основа на изјавите на осомничениот пред полицијата, кои наводно укажуваат на „антипалестински мотив“.

„Тоа се наводните дејствија на напаѓачот, мотивирани од пристрасност, а не вистинската етничка припадност на жртвите, што треба да биде одлучувачки фактор за обвиненијата во овој вознемирувачки случај“, изјави Амр Руиз.

Брафман останува во затворскиот центар Тарнер Гилфорд Најт во округот Мајами-Дејд, според „Мајами хералд“.

Весникот, повикувајќи се на полициски извори, исто така објави дека засега не е познато дали жртвите навистина се Палестинци, но тие биле посетители од Израел.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Најстудено во Маврови Анови, најмногу снег на Попова Шапка

Следно

Претседателот на ФИА сака тим од Кина во Формула 1

Latest from Blog

Шефот на Меѓународната агенција за енергија предупредува дека глобалната економија е пред голема закана

– Ниту една земја нема да остане имуна на ефектите од оваа криза доколку ситуацијата продолжи да се движи во овој правец – рече Бирол во австралискиот град Канбера. Според него, кризата

Сиљановска-Давкова во посета црквата „Света Злата Мегленска“ во Загреб: Хрватско-македонските односи се инспирација за регионот

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, во рамки на официјалната посета на Хрватска, вечерва ја посети Македонската православна црква „Света Злата Мегленска“ во Загреб, каде што оствари средба со претставници на македонската заедница. Таа изрази

Вајц ја крена Софија на нозе со барањето да се разјасни вториот протокол

Амандманите за извештајот на Томас Вајц за Македонија во Европскиот парламент повторно запалија црвен аларм во Софија. Бугарската агенција БГНЕС објави подолга реакција во која оценува дека барањето Европскиот совет да каже
Go toTop