Матичните лекари нема да работат од 12 до 16 часот поради убиството на нивниот колега

March 25, 2024
1 min read

Матичните лекари од приватното здравство денеска од 12 до 16 часот нема да работат во знак на револт, откако во петокот нивниот колега, 67-годишниот матичен лекар Ацо Трповски кој со години работел во ординацијата во скопската поликлиника „Железара“, беше пронајден мртов во неговиот автомобил паркиран пред установата.

Претседателката на Здружението на приватни матични доктори, Лилија Чолакова Дервишова порача дека е неопходно да се донесе закон за докторска дејност со кој точно ќе се дефинираат условите, правата и должностите на лекарите.

Телото на лекарот избодено до смрт го пронашол неговиот син, кој тргнал да го бара татка си, откако тој не вратил дома по завршување на смената. Кога пристигнале лекарите од итната медицинска помош било доцна. Констатирале смрт, а по налог на обвинител телото го предале за обдукција.

Истрагата е во тек, се бара сторителот за да се утврди и мотивот.

Лекарската комора го осуди убиството и побара истражните органи веднаш да го расветлат убиството.

-Никаков вид насилство во општеството не смее да се толерира, бидејќи насилството не е соодветен начин на кој се решаваат проблемите. Истакнуваме јавно барање надлежните институции итно да постапат за овој случај и да ги преземат сите неопходни мерки за да ги утврдат околностите во кои се случил настанот и соодветно на тоа да го пронајдат сторителот и да го санкционираат, се вели во соопштението од Лекарската комора.

Од Лекарската комора изразија сочувство до семејството. Посочија дека загубата на лекар е и загуба за целиот здравствен систем.

Извор: skopskoeho.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Струмица првпат во историјата го освои Купот на Македонија

Следно

Крос: Имаме добар тим и без Мбапе

Latest from Blog

Поморската мисија на ЕУ предупредува дека нападите на Хутите можат да го попречат бродскиот превоз

Бродовите во областа би можеле да бидат цел, соопшти мисијата со седиште во Лариса, Грција, повикувајќи ги превозните компании чии бродови се наоѓаат во регионот да бидат особено внимателни. Предупредувањето доаѓа откако

Променливо облачно време со краткотраен локален дожд

Времето денеска променливо облачно со услови за краткотраен локален дожд во источните делови. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северозападен правец. Минималните температури наместа ќе се спуштат под нула, а дневната

Навивач почина на стадионот каде што ќе се отвори Светското првенство

Навивач почина во саботата на новореновираниот стадион „Банорте“ во Мексико Сити откако падна од ложа кратко пред натпреварот за повторно отворање на стадионот, соопштија безбедносните претставници. Трагедијата се случила во објектот попознат
Go toTop