Материјалните докази први горат во пожар – Саздовска: МВР постапило професионално во истрагата за пожарот

March 19, 2025
1 min read

Увидот на место на настан каде имало пожар е најкомплексен увид, бидејќи материјалните траги горат. Ова во разговор за ТВ21 го вели професорката по криминалистика Марина Малиш Садовска.

Според неа МВР постапувало професионално и за краток рок ги презело сите мерки во делот на криминалистичката истрага.

„Тоа укажува дека имаме едно строго професионално постапување, не гледам некој исклучок. Тоа што во моментот не е во притвор градоначалникот, би го толкувала само на начин дека што можеби во процедурата немало основи за негово понатамошно задржување. Тоа што одредени лица се приведени, тоа не значи дека кон нив ќе биде процесирана кривична пријава. Значи да оставиме простор на криминалистичко- оперативна дејност да постапи и да добиеме еден целосен увид во настаните“, порача Марина Малиш Саздовска.

Таа апелира надлежните да постапуваат многу внимателно, бидејќи граѓаните може лесно да бидат изманипулирани за време на вакви големи трагедии. Саздовска не очекува ескалации на состојбата.

„Масата која што ќе биде вклучена во голем број, тоа ќе бидат голем број на учесници на погребалните поворки, лесно би можело да биде изманипулирана. Да се надеваме дека тоа нема да се случи. Меѓутоа секако во тие траорни моменти луѓето се многу емотивно насочен во делот на самата ситуација. Би требало со многу големо внимание да се постапува во тие ситуации. Да се избегнат сите можни провокации од било која страна“, вели Марина Малиш Саздовска.

Според Саздовска, Разузнавачките служби имаат искуство и доколку има одредени групи кои што би биле радикални и би преземале одредени екстремни чекори, Службите би требало да имаат информации и благовремено да се постават.

Саздовска очекува дека ова ќе биде една пресвртница во сузбивањето на криминалот во нашата држава.

ИЗВОР: ТВ 21

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Тошковски: Седум полициски службеници констатирале дека кабарето во Кочани ги исполнува законските услови, доставен предлог за притвор

Следно

Земјотрес ја стресе Струмица

Latest from Blog

Шефот на Меѓународната агенција за енергија предупредува дека глобалната економија е пред голема закана

– Ниту една земја нема да остане имуна на ефектите од оваа криза доколку ситуацијата продолжи да се движи во овој правец – рече Бирол во австралискиот град Канбера. Според него, кризата

Сиљановска-Давкова во посета црквата „Света Злата Мегленска“ во Загреб: Хрватско-македонските односи се инспирација за регионот

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, во рамки на официјалната посета на Хрватска, вечерва ја посети Македонската православна црква „Света Злата Мегленска“ во Загреб, каде што оствари средба со претставници на македонската заедница. Таа изрази

Вајц ја крена Софија на нозе со барањето да се разјасни вториот протокол

Амандманите за извештајот на Томас Вајц за Македонија во Европскиот парламент повторно запалија црвен аларм во Софија. Бугарската агенција БГНЕС објави подолга реакција во која оценува дека барањето Европскиот совет да каже
Go toTop