Мартин има 11 скршени ребра откако колега се заби во него со 200 км/ч (ВИДЕО)

April 16, 2025
1 min read

Априлија како тим информираше дека Хорхе Мартин има шест скршени ребра како последица на лошиот пад кој го имаше на трката за Големата награда на Катар, но за жал,  пристигнаа нови лоши вести поврзани за светскиот шампион.

Имено, падот надополнет со удар од Ди Џанантонио направи Шпанецот да има повеќе фрактури, а конечниот извештај од болницата во Катар е дека тој има 11 скршеници во пределот на ребрата.

– Имавме среќа и тоа е најважно. Хорхе беше пред мене и се излизга од мотоциклот. Бев многу блиску до него, а тој падна пред мене и го удрив со 200 километри на час. Не можев да го избегнам, бев многу блиску до него и го удрив со мотоциклот. До крајот на трката мислев на него, сакав да знам само дали е добро, – открива Ди Џанантонио.

Во меѓувреме, со порака на социјалните мрежи се јави и самиот Мартин, кој испрати охрабрувачка порака и покрај тешките околности.

–  Благодарен сум на Бог, ова можеше да заврши многу полошо. Ќе се обидам да ве известувам за сите новости, – порача Мартин од болничкиот кревет.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Таравари: За нашето учество во Владата одлучува премиерот, но досега со него во принцип имавме одлични односи

Следно

Флик: Борусија ни го загорчи животот, но заслуживме полуфинале

Latest from Blog

ИЗБОРНА КАТАСТРОФА ЗА ЦДУ И МЕРЦ – партијата падна на цензусот од 5%

Германскиот канцелар Фридрих Мерц го призна тешкиот изборен пораз на ЦДУ на покраинските избори во Мекленбург-Западна Померанија, каде што партијата едвај остана над изборниот праг. По уште една тешка изборна вечер за

ВЛЕН: Улица по улица, проект по проект, Арачиново се менува

Арачиново секојдневно се менува преку реализација на конкретни инфраструктурни проекти, оценува ВЛЕН, од каде посочуваат дека инвестициите треба директно да се почувствуваат кај граѓаните и во локалните заедници. Од партијата наведуваат дека

Коњановски: Женското претприемништво е важен дел од развојот на Битола

Градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, заедно со претседателката на Македонија, Гордана Сиљановска-Давкова, присуствуваше на средба со Советот за женско претприемништво на Општина Битола. На средбата присуствуваа и заменик-градоначалничката Марина Крстиќ и
Go toTop