Марта Кос: Очекувам Северна Македонија да го промени уставот, ЕК ќе помогне во спорот со Бугарија

November 7, 2024
1 min read

Марта Кос, која попладнево беше потврдена за нова комесарка за проширување од страна на Комитетот за надворешни работи на Европскиот парламент, во своето обраќање ја истакна потребата Македонија да го промени уставот за продолжување на европскиот пат.

„Она што е прифатено – треба да биде исполнето. Тоа е предуслов и на тоа ќе работиме со Северна Македонија. Очекувам Северна Македонија да го промени Уставот како што вети. Ништо повеќе и ништо помалку“, порача кандидатката за комесар за проширување на ЕУ, Марта Кос, за време на сослушувањето за потврдување на нејзината кандидатура.

Кос исто така кажа дека Европската комисија е подготвена да посредува за решавање на спорот помеѓу Македонија и Бугарија.

ИЗВОР: ТВ 21

MARKETING

MARKETING

Претходно

Две исчезнати деца пронајдени и вратени на семејствата

Следно

Димитриеска-Кочоска од Брисел: Фокусирани сме на реализација на реформите и на напредокот на европскиот пат

Latest from Blog

Се запали галијата во реката Вардар во Скопје

Пожар вечерва ја зафати галијата кај Холидеј Ин која се наоѓа на реката Вардар во центарот на Скопје, јавува МИА. Интервенирано било со противпожарно возило, и нема опасност за проширување. Причинета е

Студентите во блокада ги повикаа граѓаните нс Србија на масовен прекин на работата до исполнување на нивните барањата

Студентите во блокада во Србија ги повикаа граѓаните да започнат масовен прекин на работата од 1 јули до исполнување на три барања. Барањата се – распишување вонредни парламентарни избори, распуштање на „собирот“

ФФМ и Ла Лига ќе градат долгорочно партнерство

Можностите за идна соработка, особено во делот на едукација и развој на млади тренери, ги разгледаа денеска на средба во Скопје претставници на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) и шпанската Ла Лига.

Николоски: Голем е интересот за финансирање за изградба на брзата пруга на коридорот 10

Постои сериозен интерес од неколку огромни светски финансиски институции, за финансирање на изградба на брзата пруга на коридорот 10, истакна вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски. -Очекувам дека ќе има конкуренција

Мицкоски до Кос: Лидерската средба ЕУ-Западен Балкан признание за новата енергија со која Владата ги води реформите

Премиерот Христијан Мицкоски на средбата попладнево во Владата со еврокомесарката за проширување и добрососедска политика, Марта Кос, ја истакнал определбата на Владата за интеграција во ЕУ, достоинствено и преку спроведување на суштински
Go toTop