Марко Асенсио го напушта Реал

June 3, 2023
1 min read

Шпанскиот напаѓач Марко Асенсио најави денеска дека ќе го напушти Реал Мадрид по завршувањето на оваа сезона и, според шпанските медиуми, кариерата ќе ја продолжи во францускиот првак ПСЖ.

„Дојде време да донесам тешка одлука. Одлучив да тргнам по нов пат во својата кариера за да постигнам нови цели“, порача Асенсио преку социјалните мрежи.

Асенсио не откри која ќе биде неговата нова дестинација, а, според шпанските медиуми, тоа ќе биде Париз.

Дваесетиседумгодишниот Асенсио го напушта Реал со импресивен рекорд од 17 трофеи, вклучувајќи три шпански и три титули во Лигата на шампиони.

Во дресот на Реал одигра 285 натпревари и постигна 61 гол, пред утрешното завршно коло во Ла Лига во кое Кралскиот клуб го пречекува Атлетик Билбао.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ЕУ: Подготвени сме на решителни мерки ако не дојде до смирување на ситуацијата на северот на Косово  

Следно

Ердоган положи заклетва за трет претседателски мандат: Се обврза дека ќе работи непристрасно 

Latest from Blog

ВЛЕН: Петмина министри од ДУИ во правда, но без решение за правосудниот испит

Политичката коалиција ВЛЕН обвини дека со години институциите не овозможиле полагање на правосудниот испит на албански јазик, и покрај тоа што Министерството за правда било раководено од повеќе министри од ДУИ. Според

Полицаец си ја убива партнерката за време на потера во Чикаго (Вознемирувачко видео)

Објавена е брутална снимка од камера на телото што го покажува моментот кога полицајката Кристал Ривера паѓа мртва откако е застрелана од нејзиниот партнер, Карлос Бејкер, за време на потера во Чикаго.

Брзата реакција на пожарникарите и екипите од Македонски шуми спречи да се прошири пожарот во општина Липково

Брзата реакција на пожарникарите и екипите од Македонски шуми спречи да се прошири пожарот кој денеска избувна во општина Липково. Пожарот настана по вчерашната акција на Скопска Црна Гора за лов на
Go toTop