Марк Руте: Ја изразивме нашата загриженост за тензиите на северот на Косово

July 4, 2023
1 min read

Премиерите на Холандија и Луксембург, Марк Руте и Ксавиер Бетел, денеска во Приштина се сретнаа со претседателката Вјоса Османи и со премиерот. По средбите Руте соопшти дека ја изразил својата загриженост за тензиите на северот на Косово и дека дијалогот и нормализацијата на односите меѓу Косово и Србија е важен за интеграција на земјата во Европска Унија

„Регионалната стабилност е тежок и важен процес и затоа денеска ја изразивме важноста од смирување на тензиите меѓу Косово и Србија. Холандија и Луксембург се обидуваат да ги поттикнат двете страни на дијалог за нормализирање на односите. Ова е важно не само за мирот и стабилноста во регионот туку и за просперитетот и интеграцијата во Европската Унија“,

рече Руте.

Руте, Курти и Бетел на денешната прес-конференција во Приштина

Руте дополни дека чекорите за деескалација на ситуацијата треба да дојдат од двете страни.

Курти побарал од двајцата премиери да му помогнат на Косово на патот кон членство во НАТО и ЕУ. За дијалогот со Србија, Курти рече дека сакаат европски решенија и спроведување на договорите.

Премиерот на Косово, Курти

„Во однос на дијалогот за нормализација на односите со Србија, истакнав дека Косово е заинтересирано за добрососедски односи. Сакаме европско решение и за ова го имаме основниот договор од 27 февруари и анексот за имплементација од 17 март за кој сакаме да се спроведе во целост, без одложувања и без услови“.

изјави Курти.

Курти денеска ќе има средба и со специјалниот претставник на Европската Унија за дијалогот меѓу Србија и Косово, Мирослав Лајчак, кој ќе ги посети и Приштина и Белград.

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Продолжен мандатот на генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг

Следно

Илјадници Палестинци бегаат поради израелската воена операција во Џенин

Latest from Blog

Николоски: Заради хистеријата што ја создава Левица, не се носат планови, не се гради и расте цената на стaновите, а млaдите се иселуваат

Правите хистерија со урбанизацијата и не дозволувате државата да се развива. Заради вашата партија бегаат инвеститори, не се отвараат работни места, заради хистеријата се дигнаа цените на стабовите и младите бегаат од

Руте одговори на критиките на Трамп за НАТО

Руте нагласи дека европските земји се подготвени да „се соберат и да разговараат“ какви конкретни чекори можат да преземат за да го одржат теснецот отворен и безбеден за меѓународен сообраќај. Неговата изјава

Лимани: Потпишан историски колективен договор, платите растат до 21 отсто

Министерството за социјална политика, демографија и млади, Синдикатот на администрацијата, државната управа и правосудството (САДУ) и Синдикалната организација на Министерството денеска потпишаа колективен договор за вработените, прв од ваков вид во Министерството.
Go toTop