Илјадници Палестинци бегаат поради израелската воена операција во Џенин

July 4, 2023
1 min read

АЛ-КУДС/ЕРУСАЛИМ (АА) – Меѓу 1.500 и 3.000 Палестинци ги напуштија своите домови во бегалскиот камп Џенин поради израелската воена операција што е во тек во градот, покажуваат денешните податоци на израелската војска, пренесува Анадолу.

Израелската Армија вчера ја започна својата најголема воена операција во Џенин во последниве повеќе од 20 години, во којашто загинаа најмалку десет Палестинци, а повредени се над 100, соопшти палестинското Министерство за здравство.

Портпаролот на војската, Даниел Хагари, тврди дека на Палестинците им било дозволено да ги напуштат своите домови во Џенин без да бидат принудени на тоа.

„На секој што сака да го напушти бегалскиот камп му е дозволено“, рече Хагари, пренесе државната телевизија КАН.

Тој наведе дека за време на операцијата во бегалскиот камп Џенин биле приведени 120 Палестинци.

Израелската војска проценува дека во кампот се наоѓаат околу 350 палестински вооружени напаѓачи.

Израелската воена операција во Џенин доаѓа во време на зголемени тензии на окупираниот Западен Брег во последните месеци и повторените израелски напади врз палестинските градови.

Палестинското Министерство за здравство соопшти дека од почетокот на годината од израелски оган загинале речиси 190 Палестинци. Најмалку 25 Израелци исто така го изгубиле животот во одделни напади во истиот период.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS)..

Извор: www.aa.com.tr

MARKETING

MARKETING

Претходно

Марк Руте: Ја изразивме нашата загриженост за тензиите на северот на Косово

Следно

Му нудат богатство на Икарди, но под еден услов – Ванда не смее да дојде со него во Саудиска Арабија

Latest from Blog

Алчинов во Отворено: За да се направи пат до хидроелектраната на река Дошница ќе треба да се исечат 1000 хектари шума

Кристијан Алчинов од „Спас за нас“ во Отворено рече дека законот за хидроелектрани е склопен во полза на инвеститорите. Според него, за изградба на една хидроелектрана на реката Дошница ќе треба да

Елиминирана шампионката на Ролан Гарос

Актуелната шампионка на Ролан Гарос Американката Коко Гоф е елиминирана во првото коло на Вимблдон. За изненадувањето се погрижи 25-годишната Украинка Дајана Јастремска, која со 2:0 во сетови (7:6(3) и 6:1) ја

САД ја прославија 249-годишнината од независноста во Скопје

Во Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Северна Македонија вечерва со свечен прием беше одбележан 4-ти јули – Денот на американската независност. Пред бројни гости, партнери и пријатели на САД, амбасадорката Анџела

Запленети околу 100 килограми марихуана во Струмица, лишени од слобода три лица

Во координирана акција на полицијата и Агенцијата за национална безбедност вчера во Струмица се запленети 100 килограми марихуана, а три лица се уапсени, соопштија денеска од МВР. Во соопштението се наведува дека

Ќостарова Унковска во Аргумент плус: Родителите на загинатите деца во Кочани се плашат од заборав

Клиничкиот психолог Лина Ќостарова Унковска во Аргумент плус рече дека трагедијата во Кочани е надвор од сите искуства. Според неа, родителите на загинатите деца не се плашат за нивните животи и за
Go toTop