Маринакис: Се одложува третиот натпревар меѓу Олимпијакос и Панатинаикос од грчкото кошаркарско првенство

June 2, 2025
1 min read

Третиот натпревар од финалето меѓу Олимпијакос и Панатинаикос во грчкото кошаркарско првенство закажан за в среда одложен е поради вчерашните инциденти, соопшти портпаролот на грчката Влада Павлос Маринакис и паралелно информираше дека сопствениците на двата тима пред надлежниот министер за спорт, ќе треба да се обврзат дека „ќе се стави крај на оваа ситуација“, но и дека во спротивно првенство ќе биде прекинато..

Денешниот редовен брифинг со новинарите, Маринакис го започна со одлуките за синоќешниот кошаркарски натпревар, кој беше засенет од меѓусебните обвинувања на сопствениците на двата клуба и тужбата од Панајотис и Јоргос Ангелопулос од Олимпијакос против Димитрис Јанакопулос од Панатинаикос.

Маринакис посочи дека Владата, пред 15 месеци, презеде низа законски иницијативи и одлуки, „со цел да се стави крај на појавите на насилство кои немаат место во професионалниот спорт“.

– Вчерашните слики не му претставуваат чест за професионалниот спорт, а уште повеќе за два тима кои, со години, се протагонисти на европско ниво. Онаму каде што постојат кривични и дисциплински одговорности ќе бидат припишани и законот ќе се применува во целост. Па така, третото финале, кое требаше да се одржи задутре, во среда на 4 јуни се одложува. Истиот ден наутро, сопствениците на двата кошаркарски клуба се повикани во Министерството за образование, религија и спорт на состанок со алтернативниот министер за спорт Јанис Вруцис, за јасно да се обврзат дека ќе се стави крај на оваа ситуација, во спротивно, првенство ќе биде прекинато, рече Маринакис и додаде дека Владата веќе има покажано дека не толерира појави на насилство и деликвенција, без разлика дали се на спортски натпревари, на универзитети или на кое било друго место.

Олимпијакос и Панатинаикос вчера го одиграа вториот натпревар од финалето во грчкото првенство, што беше засенет од вербалните инциденти беа меѓу сопствениците на двата тима.

Сопственикот на Панатинаикос Димитрис Јанакопулос, кој беше во салата СЕФ (Стадион на мир и пријателство) на Олимпијакос, наводно со навредливи и вулгарни гестови одговорил на скандирањата од домашните навивачи, кои според неговото тврдење биле псовки и навреди кон неговата ќерка, по што било побарано да биде отстранет од теренот.

Јанакопулос на Инстаграм објави низа видеа од ходниците во салата, во кои видно нервозен тврдеше дека ако полицијата сака да го уапси тој им стои на располагање.

Домаќините го обвинија за вулгарно однесување и поднесоа тужба, која според грчките закони предвидува Јанакопулос да биде уапсен во рок од 48 часа по поднесувањето.

Следуваа и низа соопштенија од двата тима, а поради инцидентите Владата донесе одлука следниот, трет натпревар да биде одложен.

Олимпијакос и Панатинаикос минатиот викенд беа дел и од фајнал форот во Евролигата но не успеаја да стигнат до финалето.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Русија ја обвини Украина за масовен воздушен напад со 162 беспилотни летала

Следно

Левица поднесува закон за зголемување на минималната плата на 500 евра

Latest from Blog

Општина Битола ја зголемува употребата на соларна енергија во училишта

Општина Битола продолжува со активна имплементација на праведната енергетска транзиција, со цел поголемо искористување на обновливите извори на енергија. На следната седница на Советот на Општина Битола ќе се разгледува анекс на

Голема акција на полицијата низ цела Србија: ГИ КОРИСТЕЛЕ ДЕЦАТА ЗА ПОРНОГРАФИЈА!

Припадници на Министерството за внатрешни работи, Дирекција за технологија, Служба за борба против високотехнолошкиот криминал, во продолжение на акцијата „Армагедон“, по наредба на Специјалното одделение за високотехнолошки криминал на Вишото јавно обвинителство

Николоски најавува долгорочен развој преку нов просторен план

Скопје – Во тек е подготовка на нов просторен план на државата, документ кој треба да ја дефинира долгорочната насока на просторниот и инфраструктурниот развој, информираше вицепремиерот и министер за транспорт Александар

Фото: Екс тениска шампионка во секси стајлинг

 Ова го потврдува и нејзината најнова објава на социјалните мрежи, каде што само потсети зошто важеше за една од најубавите спортистки во светот. Поранешната тенисерка број еден во светот и шампионка на
Go toTop