Маричиќ: Потребен е сериозен политички консензус за иднината на земјата

January 17, 2023
1 min read

Северна Македонија веќе го потврди европскиот пат, но сега треба тој да се задржи стабилен, за што е потребен сериозен политички консензус околу прашањето за иднината и правецот на движење на земјата во следните 10 години, смета вицепремиерот задолжен за европски прашања, Бојан Маричиќ.

-Тоа е темелот и предуслов за успешно заокружување на овој национален проект, рече Маричиќ за годишниот мултимедијален јавен настан на ЦИВИЛ – „Перспективи 2023“.

Тој додаде дека граѓаните бараат и сакаат концепт кој носи извесност, реформи, неповратни фондови за развој на земјата и затоа, според Маричиќ, ова ќе биде година која ќе им потврди на граѓаните кој е искрен во намерите за трансформација на македонското општество на подобро, а кој бега од промените кои ги носи процесот на преговори.

-Политичко обединување и гаранција дека нема да стагнира земјата и дека ќе продолжи да се движи по патот кој носи стабилност, просперитет, нови можности и кој гради уредена држава, во која има функционални демократски институции, посочи Маричиќ.

Тој потенцира дека последните години Владата покажува искрен и отворен пристап во спроведувањето на реформите и дека застануваат одговорно пред прашањата од областа на правосудството, борбата против корупцијата, подобрувањето на слободата на медиумите и слободата на изразување, кои беа со забелешки и во Извештајот на Европската комисија за 2022 година.

– Ги актуализиравме овие клучни прашања со цел поинтензивно да продолжат реформите и напредокот во најважните поглавја во преговорите со ЕУ. Владата има јасен план и визија на европеизација и трансформација на македонското општество, која ќе овозможи земјата да се движи по зацртаната траекторија кон ЕУ, изјави Маричиќ.

Вицепремиерот истакна дека ова е време кога треба да се надминат тесно-партиските интереси и да не дозволиме после 17 години поминати во „чекалната“ на ЕУ, да се однесуваме неодговорно и да се доведеме во ситуација домашен политички фактор да биде кочница и да ја блокира државата на патот кон ЕУ.

-Очекувам годинава за Северна Македонија да биде уште поуспешна од претходната и да ја завршиме со одржување на втората Меѓувладина конференција и отворање на првиот Кластер, вели Маричиќ.

Оценувајќи ја минатата година, вицепремиерот Маричиќ рече дека 2022 беше динамична и година со многу предизвици и неизвесност, како дома така и на меѓународен план, но за Северна Македонија беше и успешна година во која ги започнавме преговорите со Европската унија и ја поставивме земјата на експресниот пат на реформи и трансформација.

-Немавме право во време на турбуленции и безбедносни предизвици да ја ставаме под знак прашалник европска перспектива на земјата. Со „францускиот предлог“ и неговото усвојување од страна на парламентарното мнозинство, успеавме на европски начин, да најдеме решение за разликите и отворените прашања со Бугарија и после 17 години чекање официјално да го започнеме процесот на преговори со ЕУ, додаде Маричиќ. (МИА)

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Копилотот на кобниот лет 691 во Непал пред 16 години го загубила сопругот во авионска несреќа 

Следно

Најбогатиот човек во Британија ќе го купи Манчестер Јунајтед

Latest from Blog

Случајот со спорното млеко се шири: Land и My Cow биле дел од понудата и во Македонија

Случајот со млечните производи што деновиве е во фокусот на јавноста во Косово има допирна точка и со македонскиот пазар. Два од брендовите што се појавуваат во официјалните наоди на косовските институции,

“Со Еспи појадуваме заедно секој ден, тој го живее својот сон!“ (ВИДЕО)

фото:x.com/realmadriden На отворањето на новата сезона, Реал Мадрид успеа да слави на гостински терен кај Еспањол со гол во судиското продолжение. Со многу нетрпение, навивачите на најважниот спореден настан во Шпанија, па

СВИРЕЖИ И ПОТСМЕВ ЗА ФРИДРИХ МЕРЦ (ВИДЕО)

Германскиот канцелар Фридрих Мерц се соочи со неодобрувачки извици и потсмев за време на посетата на област погодена од пожари во Хигеланд, во неговото прво јавно појавување по првиот ден назад на

ПУТИН СЕ ОБРАТИ ДО НАЦИЈАТА: „Пандорината кутија е отворена. Очекувајте жесток одговор“

Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека Украина „ја отворила Пандорината кутија“ со напади врз руската економска инфраструктура и најави руски напади врз најчувствителните економски сектори во Украина, објави Ројтерс во саботата. Украина
Go toTop