Маричиќ: ЕУ е економско чудо кое ни отвора можности и ги задржува младите во државата

August 30, 2023
3 mins read

Вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ на трибината „ЕУ за македонската економија“, направи споредба на економиите на дравите пред нивното пристапување во ЕУ и откако станале држави членки, велејќи дека Европската Унија покрај тоа што е мировен и политички проект, таа е и економско чудо.

– Економските показатели на Хрватска покажаа дека изминатата година по нивното влегување во Евро и Шенген зоната, 15 милијарди евра приход од нивната клучна економска гранка, туризмот. Ако ги прашате Бугарите и Романците што најмногу придонесе ЕУ за вашиот развој, ќе ви одговорат: Ни ги изгради патиштата, ни ја изгради инфраструктурата ни даде надеж во подобра иднина, рече вицепремиерот Маричиќ.

Вицепремиерот посочи дека основното прашање на оваа кампања е каде сакаме да припаѓаме, прашувајќи дали сакаме да припаѓаме во најголемиот мировен, политички и економски проект или сакаме да веруваме во алтернативни приказни во коишто многу малку луѓе веруваат и од кој никој нема видено придобивки.

– Ако сега користиме 1 милијарда евра преку ИПА проектите за 15 години, кога ќе бидеме држава членка на ЕУ ќе користиме од структурните и кохезионите фондови 1 милијарда годишно, тоа е огромна разлика. За изминатите 15 години ние имаме 1 милијарда, а Хрватска откако е членка за 10 години има искористено 25 милијарди евра. Затоа е возможно да се денес во еврозоната, затоа е возможно да се денес во Шенген зоната, затоа нашите млади луѓе денес одат да работат во Хрватска, укажа Маричиќ.

Ова е прва трибина од кампањата на Секретаријатот за европски прашања „Ние сме Европа“, а следната ќе биде овој петок, во општина Струмица.

Во продолжение интегрален текст од говорот на вицепремиерот за европски прашања, Маричиќ:

„Европската Унија е најуспешниот проект кој светот го има видено после втората светска војна. ЕУ е мировен проект којшто обезбеди траен мир во Европа, ЕУ е политички проект кој се базира на вредности на човекови права, слободи, владеење на правото, силни институции демократија. Европската Унија е и економски проект, велат економско чудо. И тоа можеме да го видиме од оние држави кои пред 20 или 30 години беа во преговарачкиот процес а денеска се држави развиени и членки на Европската Унија. Да ја земеме за пример Чешка, таа е држава која оваа година стана по прв не само држава која зема пари од европскиот буџет туку придонесува и дава пари во европскиот буџет.

Економските показатели на Хрватска покажаа дека изминатата година по нивното влегување во Евро и Шенген зоната, 15 милијарди евра приход од нивната клучна економска гранка-туризмот. Овие параметри кои денес ни се чинат многу недостижно се чиниле и пред 10 години за Хрватски или пред 20 години за Чешка, но денес се реалност. Ако ги прашате Бугарите и романците што најмногу придонесе ЕУ за вашиот развој, ќе ви одговорат: Ни ги изгради патиштата, ни ја изгради инфраструктурата ни даде надеж во подобра иднина.

Основно прашање на оваа кампања и основно прашање на борбата која што ја водиме во општеството е каде сакаме Северна Македонија да припаѓа, Дали сакаме да припаѓа во овој најголем мировен, политички и економски проект дали сакаме да припаѓаме на економското чудо, или сакаме да веруваме во алтернативни приказни во коишто многу малку луѓе веруваат и од кој никој нема видено придобивки.

РСМ без дилеми припаѓа во ЕУ. Нашите граѓани без дилеми сакаат да бидат дел од ЕУ. Нашето економско чудо, нашиот политички развој и нашиот мировен проект е можен само во ЕУ.

ЕУ и до сега ни помогна многу. Европската дипломатија и ангажман заедно со сите друго стратешки партнери повеќе пати и помогна државата да излезе од криза, но исто така финансиската помош којашто последните 15 години изнесува над 1 милијарда суштински придонесоа во повеќе аспекти од нашиот живот. Коридорот 10 голем број структурни проекти, железнички станици, канализации и водовод, инфраструктура, земјоделие, образование.

Рекордна искористеност на Еразмус програмата, заштита на нашето духовно и културно наследство.

Попладнево го посетив манастирот Пантелејмон во Скопје. Малку луѓе знаат дека обновата на манастирот е европски проект од прекуграничната соработка со Косово. Тоа е доказ дека ЕУ вложува во целото наше општество и целата наша земја. Планот за развој кој го спомна премиерот еплан да бидеме дел од политиките на ЕУ пред да станеме членка. Тој план значи повеќе пари за повеќе реформи и тој план значи побрза либерализација и побрз пристап до европските пазари. Заедничкиот пазар на ЕУ е и наша единствена шанса за развој. Комплетирање на мозаикот, нашиот македонскиот мозаик, на Северна Македонија, на едно успешно мултикултурно, мултиетничко и просперитетно општество е остварлив и возможен само преку ЕУ.

Ако сега користиме 1 милијарда евра преку ИПА проектите за 15 години, кога ќе бидеме држава членка на ЕУ ќе користиме од структурните и кохезионите фондови 1 милијарда годишно, тоа е огромна разлика. За изминатите 15 години ние имаме 1 милијарда, а Хрватска откако е членка за 10 години има искористено 25 милијарди евра. Затоа е возможно да се денес во еврозоната, затоа е возможно да се денес во Шенген зоната, затоа нашите млади луѓе денес одат да работат во Хрватска.

Да ги задржиме нашите млади луѓе тука, да им ги отвориме овие можности дома, да го создадеме нашето економско чудо тука, преку Европска Унија.“

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

Италија со капитен доаѓа во Македонија

Следно

Мицкоски: Ковачевски се врати блед од Блед, народот бара избори

Latest from Blog

Како да цепи дрва- девојка со секира го нападнала своето момче на спиење, при апсењето се смеела

Жена од Северна Дакота е обвинета дека се обидела да го убие своето момче додека спиел, користејќи секира, а еден сведок рекол дека звучело како да „сече дрва“ додека го „удирала“ по

Светскиот шампион со Франција на 31 година замина во пензија

Поранешниот француски фудбалски репрезентативец Самуел Умтити објави дека ја завршува својата играчка кариера, објави францускиот весник „Л’Екип“. Умтити (31) објави на социјалните мрежи дека одлучил да ја заврши својата играчка кариера, откако

Американската војска нападна брод од Венецуела: Трамп итно се огласи – има мртви

Американскиот претседател Доналд Трамп објави дека американската војска извршила повторен напад врз брод за кој постоеле сомнежи дека превезувал дрога од Венецуела, при што загинале три лица. Трамп ја сподели информацијата преку

Над 30% од граѓаните сметаат дека ВМРО-ДПМНЕ најдобро се справува со локалните проблеми

Институтот за политички истражувања Скопје, за потребите на МРТ подготви анкета за локалните избори за актуелните општествени случувања и за рејтингот на политичарите и партиите. Од резултатите презентирани вечерва во емисијата „Објектив“,
Go toTop