МАНУ: Постои само една национална академија која ја претставува државата во европската меѓународна асоцијација на академии

October 17, 2024
1 min read

МАНУ претставува најзначајна национална научна и уметничка институција од посебен општествен интерес во нашата држава, формирана во 1967 година, во согласност со највисоките универзални научни и уметнички стандарди и критериуми. Таа, повеќе децении наназад, со својата научноистражувачка дејност, преку своето творештво и со советодавната улога, претставува столб во градењето и во зачувувањето на идентитетот и на државноста на македонскиот народ и на деловите од другите народи кои живеат во земјата, велат од МАНУ во соопштение до јавноста.

„Напоменуваме дека во Македонија, како и во земјите во Регионот и
во светот, постои само една национална академија која ја претставува
државата во европската и во други меѓународни асоцијации на академии.

Постојат примери во државите во Регионот и пошироко за формирање на
т.н. струкови академии во рамките на соодветни стручни здруженија
(Академија за архитектура, Академија за медицински науки и др.), како и
други научно-уметнички друштва во поголемите градови и во
регионалните центри, но нема примери за формирање на паралелни
национални академии.

МАНУ секогаш била отворена за сите граѓани кои ги исполнуваат високите научни и уметнички критериуми за членство во неа, независно од
етничката, верската и од каква било друга припадност. За политичките
партии и нивните влијанија никогаш немало место во неа.

Од нејзиното основање до денес, членови во Академијата биле припадници на македонскиот народ, но исто така и на сите етнички заедници. Меѓу другите, во последните петнаесетина години, во составот на МАНУ членуваа четири члена со албанска етничка припадност (од коишто, во трите последователни раководства, еден од нив ја извршуваше функцијата научен секретар, а двајца беа потпретседатели на Академијата, од кои еден и со мандат во актуелното раководство на Академијата), како и четири члена надвор од работниот состав.

Претседателството укажува дека МАНУ никогаш не се занимавала и
нема да се занимава со дневнополитички расправи и партиски дискусии,
кои ја оптоваруваат редовната дејност на Академијата, односно со работи
кои спаѓаат во доменот на Законодавниот дом и на државните институции“, стои во соопштението.

ИЗВОР: ТВ 21

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ПОЧИНА ЛЕГЕНДАРНИОТ КОМПОЗИТОР ЉУПЧО КОНСТАНТИНОВ

Следно

Мисајловски на состанок на Северноатлантскиот совет на НАТО на ниво на министри за одбрана

Latest from Blog

Шефот на Меѓународната агенција за енергија предупредува дека глобалната економија е пред голема закана

– Ниту една земја нема да остане имуна на ефектите од оваа криза доколку ситуацијата продолжи да се движи во овој правец – рече Бирол во австралискиот град Канбера. Според него, кризата

Сиљановска-Давкова во посета црквата „Света Злата Мегленска“ во Загреб: Хрватско-македонските односи се инспирација за регионот

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, во рамки на официјалната посета на Хрватска, вечерва ја посети Македонската православна црква „Света Злата Мегленска“ во Загреб, каде што оствари средба со претставници на македонската заедница. Таа изрази

Вајц ја крена Софија на нозе со барањето да се разјасни вториот протокол

Амандманите за извештајот на Томас Вајц за Македонија во Европскиот парламент повторно запалија црвен аларм во Софија. Бугарската агенција БГНЕС објави подолга реакција во која оценува дека барањето Европскиот совет да каже
Go toTop