Манев во детали објасни како се случило грабнувањето на Панче: Палевски му испука куршум во слепочницата на Панче!

March 12, 2025
2 mins read

Во Кривичниот суд продолжи судењето за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски со распит на обвинетите. Прв на листата е Велибор Манев кој е обвинет како соизвршител, а на товар му се ставаат кривичните дела грабнување, две убиства на свиреп начин од кои едно на малолетно лице и едно од користољубие.

Тој појасни кога и како го грабнале Панче Жежовски.

-Го грабнавме на 23 ноември. На 22- ри дојдоа Влатко и Палчо за да Палевски го провери местото дали може да се изврши грабнувањето. Отидовме, го виде, и одлучи наредната вечер да го грабнеме. Наредниот ден, во раните утрински часовх, кога дојдоа пиевме кафе и кон 5.30-6 часот тргневме да го земеме Панче. Инаку, снимките што ги гледавме, од моите камери, не се совпаѓа со ова време. Отидовме кај куќата на Панче, јас Боре и Палчо. Кешишев го зема ,,реното гангу” и не чекаше кај пругата. Мислевме сам ќе излезе и чекавме до 7.45 часот. Не излезе, па Палчо преку моторола рече да му тропнеме на врата и тука да се врзе и да се земе. Јас не можев да се појавам бидејќи ме познава, ми го познава гласот. Одлучи Боре да тропне на вратат и да го бутне, а ние да притрчаме и да го врземе. Боре постапи така како што му кажа Палчо. Го бутна и Палчо влезе во предсобјето и бидејќи Панче викаше, јас се доближив, му ја ставив раката на устата. Бевме со маски, не не позна никој. Почнав да му ги врзувам рацете, а Палчо влезе во куќата. Го зема неговиот телефон, ги извади клучевите, а на нив беа и клучевите од возилото. Палчо отиде да ја запали колата, а ние го однесовме Панче да го ставиме во гепек. Се симнавме каде што не чекаше Кешишев, рече обвинетиот.

Тогаш ставиле гориво во колата на Панче.

-Додека сме го ставале горивото, Палевски го фрлил телефонот на Панче во долот. После тоа се упативме према копаната земуница, да го спуштиме долу. Поминавме покрај Романтик, по стариот пат за Скопје и кон местото Рудник. рече Манев.

Појасни дека претходната вечер со Кешишев отишле до бензинска и во две туби наполниле гориво. За време на грабнувањето рече дека комуницирале преку моторола.

-Кешишев и Палчо беа во ,,реното кангу”, а јас и Боре во колата на Панче. Го изнесовме Панче од колата, го донесовме до самиот отвор на земуницата. Му ги одврзавме рацете, за да можеме да го спуштиме по скалите. Тука не напоменав само дека Кешишев и возилото останаа 300-400 метри подалеку, а Палчо дојде со нас, во ,,цитроенот”. Откако се навеснав да го одврзувам, Палевски влета наеднаш, и му испука куршум во слепочница. Јас останав без зборови, срипав и излегов надвор од шумичката. Бев во ситуација пред колабирање. Се тресев од тоа што го видов. Го видов и Боре како излегува молчешкум од местото, а Палевски го преврте Панче со се церадата во дупката. Потоа дојде до мене и го прашав зошто ова, не требаше вака. Тој ми вика, вака е почисто, нема што да се секираш. Му реков дека не сакам вака да продолжам, зошто за такво нешто не сум ни помислил. Ми рече, го цитирам:,,Да не расипуваме пријателство, имаш убава фамилија!, рече Манев.

Тој додаде дека по неколку дена го затрупале телото со Боре, за да не почне да мириса.

Судењето е во тек.

Според обвинението, Љупчо Палевски, Боре Видевски, Велибор Манев, Влатко Кешишов и Александар Ѓорчевски, се обвинети дека заедно испланирале грабнување на 14-годишната Вања со цел да присилат член на нејзиното потесно семејство да даде парични средства за откуп.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

AUTO SHKOLLA BEKO

MATINA DENTAL CLINIC

Претходно

„Требаше да се грабне жена на 40 години, па да се однесе и замени со Панче во дупката и да се чува додека не платат пари“, сведочи Манев

Следно

Во САД се одржаа протести за ослободување на палестинскиот студент Махмуд Халил

Latest from Blog

Коњановски: Инвестиција од над милион долари за модернизација на противпожарната служба во Битола

Градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски, денеска го посети новиот објект на противпожарната станица во АРМ заедно со секретарот на општината Борче Димитровски, претседателот на советот Бојан Бојкоски и раководителот на ЛЕР

11 загинати и најмалку 35 повредени е билансот од синоќешниот пожар во пензионерскиот дом во Тузла

Пожарот избувнал околу 21 часот на 7 и последен спрат од домот,  а евакуацијата траела до 3 часот по полноќ.. градоначалникот на тузла зијад луговиќ вели дека во акцијата за гаснење освен

Интер и Милан го купија „Сан Сиро“ за 197 милиони евра, сега може да се гради нов стадион!

фото: Inter Xtra (X) Стадионот “Сан Сиро“ или „Џузепе Меаца“, повеќе не е во сопственост на градот Милано. Легендарниот стадион официјално им припаѓа на фудбалските клубови Милан и Интер, кои го потпишаа

Автомобил удри во пешаци во југозападна Франција, неколку повредени

Најмалку пет лица се повредени откако автомобил се заби во група пешаци и велосипедисти во Сен-Пјер-д’Олерон, на островот Ил-д’Олерон, покрај западниот брег на Франција, изјави францускиот министер за внатрешни работи. Во објава

„Редит“ и „Кикстартер“ на листата социјални мрежи што ќе бидат ограничени за тинејџерите во Австралија

Популарниот форум „Редит“ (Reddit) и платформата „Кикстартер“ (Kickstarter) се додадени на листата социјални мрежи коишто ќе бидат ограничени за лицата под 16 години во Австралија од 10 декември. Со ова, бројот на
Go toTop