Манев: Палевски тргна кон Вања со пиштол и перниче во раката и испука куршум

March 12, 2025
3 mins read

Еден од обвинетите за грозоморните убиства на Вања и Панче, Велибор Манев денеска даваше исказ во Кривичен суд за тоа како се случило грабнувањето и убиството на Вања Ѓорчевска.

Манев рече дека од трет пат им успеало да ја грабнат Вања, откако првите два обиди биле неуспешни, а потоа се упатиле кон местото Дупки, каде што Палчо испукал куршум во неа, и потоа ја закопале.

Велибор Манев одговараше на прашања на својот бранител Горан Бошевски.

Бошевски: Како го изведовте грабнувањето и кој?

Манев: „Првиот пат беше неуспашно за изведување, кога се вративме во канцеларијата, Палчо ни го објасни системот и начинот како се отвора вратата на самата зграда. Ни го објасни внатрешниот енериер и распоред на скалите. Дека има позади подрумски скали и дека од внатре може полесно да се земе жената. По што ни објасни што како утрото, кога ситгнавме таму Влатко остана во колата на Панче. Јас и Боре влеговме во влезот на зградата. Влеговме но немаше сијалици, темно беше, светлина доаѓаше од самиот влез на влезната врата и чекавме, временски од време на време Палчо на моторола ни кажуваше саатот колку е, и како се движи времето за до 07.20 кога излегува жената. Во 07.20 јас бев под скалите скрос, Боре чекаше со селотејп лента на раката ставена и кога се симнуваше особата Боре ја грабна со едната рака, а со другата и ја залепи устата и ја повлековме под скалите во потемното“.

Бошевски: Од каде излезе женското лице?

Манев: „Од лифтот спуштајќи се по скалите надоле, за да излезе надвор од влезот. Според слики кои ни ги кажувае и да ги гледаме на телефон, особата беше идентична. Беше таа која ни ја покажуваше. Ја врзавме, јас ставивме во вреќа за спиење, која претходно ја земавме од канцеларија, И така врзана, на Влатко му беше јавено да ја донесе колата пред влез, да го отвори гепекот за да може да ја ставиме во гепекот. Потоа продолживме да се движиме по насоките на Палчо. Стасавме до местото Дупки и го отворивме гепекот, Палчо ја праша како се вика, кој е татко, мајка од кој е, и откако тоа го дозна, ни рече да ја извадиме надвор од колата. За да ја слика и да може да прати слики на родителите и на фамилијата. Ја извадивме, ја откопчавме вреќата за спиење и салотејпот кога го тргнав, тогаш видов дека тоа е дете, а не жена. Одма му рековме јас и Влатко бевме до него, ова е некоја грешка, дека треба да го пуштиме назад девојчето, бидејќи сме под маски нема никој видено да ја ослободиме. Палчо повторно почна да ми кажува да прекинам, дека јас ништо не знам, се е чисто, нема за што да се бере гајле. Потоа кажа дека првичната сума која ни ја понудил за грабнувањето, нема да може да се земе и ни рече дека сумата ќе биде помала. Се свртев да гледам кон лозјата, за да видам бидејќи беа некои запуштени лозја кон напуштените соби. За да видам во која од собите да ја внесеме. Додека пријдов и гледав, Палевски пријде на детето со пиштолот и со перниче во рака и го испука куршумот преку перниче и јас повторно бев надвор од себе. Се врати Палчо до пикапот и од него извади копач и лопата, нови неупотребени. Ги фрли пред нас и нареди да ископаме дупка за да се закопа детето. Копавме колку што копавме во таа смрзната земја и ја фати од едната старана од кај главата и јас и Влатко од другата страна ја спуштивме во дупката заедно со Палевски. Палчо ја извлече вреќета и ја фрли во возилото на Панче. Нареди да закопуваме, со солзи во очите без да ме видат, почнав да закопувам. После тоа ни нареди да тргнам по него, јас го возев на Панче возилото, тој напред возеше пред нас пикапот и тргнавме кон Глуво па од таму се спуштивме и таму во нива го запаливме возилото.

Бошевски: Дали вие или други имате оружје?

Манев: Љупчо Палевски имаше, но му го одземаа при еден претрес кај Демир Капија. Знам и за Боре Видевски дека бил обезбедување на директорот на Жито Вардар, така имаше и пиштол. Марка не знам. Јас немам оружје ниту се разбирам.

Бошевски: Со кој комунициравте од обвинетите по настанот?

Манев: Па со Палчо највеќе, ми рече „не се секирај се е чисто, не бери гајле“. 2-3 пати ми се јави дури едно по друго. Не се сеќавам точно, но ги има во доказите точно кога и како се јавуваше и тоа е. Со Боре од време на време се слушавме по телефон.

ИЗВОР: kurir.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Обвинителот Коцевски калкулира и не го праќа писмото до Советот за јавни обвинители

Следно

На тарифната листа на ЕУ: Американски пилешки крилца, мотори и женски неглижеа

Latest from Blog

Трамп изрази надеж дека „следната недела“ ќе биде постигнат прекин на огнот во Газа

ВАШИНГТОН (АА) – Американскиот претседател Доналд Трамп денес изјави дека се надева дека наскоро ќе биде постигнат прекин на огнот во Појасот Газа, јавува Анадолу. „Се надеваме дека (прекинот на огнот) ќе

Ахмети: Пописот беше во рамките на договорите – ВЛЕН обвинува за пазарење со дијаспората

Одговарајќи на обвинувањата на коалицијата ВЛЕН дека за време на пописот на населението во 2021 година, ДУИ прифатила поделба на граѓаните во две категории – резиденти и нерезиденти – лидерот на интегративците,

Кос: Имате 6 милијарди евра на располагање, парите ќе ги вратиме ако нема напредок

Со порака дека секое евро од шесте милијарди евра предвидени за Западен Балкан зависи од брзината со која земјите ќе ги спроведат реформите, еврокомесарката за проширување Марта Кос ги повика балканските лидери

ЕК: Лидерите од Западниот Балкан ја потврдија решеноста за искористување на можностите на Планот за раст

идерите на шесте партнери на ЕУ од Западниот Балкан на денешниот состанок со еврокомесарката за проширување Марта Кос во Скопје ја потврдија својата решеност да ги искористат можностите што ги носи Планот

ИХФ потврди – од денеска во сила четири нови правила на ракометната игра!

Ракометот отсекогаш бил замислен како брз, забавен и динамичен спорт, а неговите правила се развиваа низ децениите. Светската ракометна федерација денеска објави за четири нови правила, односно промени во веќе постоечките правила.
Go toTop